14,15 и точка

Истражување, чии автори се најмногу горди на тоа што нашле начин како да ги натераат мажите да не лажат, покажало дека светскиот просек на машкоста е 14,15 сантиметри.

Проблемот со студиите за големината на пенисот е нивната точност, заради начинот на кој што се собираат податоците. Ако викнеш мажи во лабораторија или соба, и еден по еден ги мериш многу е веројатно тие заради најразлични причини да не можат да го покажат својот максимум. Од друга страна, ако ги оставиш мажите дома на само да се измерат, големи се шансите да пријават лажни мерки.

Решението на научниците од Универзитетот во Индијана се сведува на кондоми.

"За разлика од претходните студии во кои испитаниците сами ја пријавуваа големината на пенисот, овој пат тие имаа добра причина за да пријават точни податоци бидејќи димензиите ги користевме за да изработиме кондоми за нив кои ќе одговараат на нивниот пенис во ерекција. Ако тие пријавија поголема должина, тогаш ќе добиеа лабав кондом. Ако пријавеа помала (???), кондомот ќе беше премногу мал за нив," објаснува др. Деби Хербеник.

Едно од откритијата на истражувањето е и начинот кој мажите го користеле за да стигнат до целосна ерекција. Па така, "оралната стимулација на пенисот резултирала со поголема должина, додека само фантазијата била поврзана со значително помали пријавени димензии на пенисот."

12 јули 2013 - 12:15