Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Германските десничари ненадејно губат кандидати пред избори

Четири кандидати на десничарската Алтернатива за Германија (AfD) починаа „ненадејно и неочекувано“ непосредно пред покраинските избори во најголемата германска покраина, Северна Рајна-Вестфалија. Имаат тие и резервна листа ама и од резервната листа им умираат луѓе. 

Франција се за војна спрема

Звучи како новинарска патка, но, јбг, не е. Француското министерство за здравство дискретно им дало до знаење на регионалните здравствени установи до март 2026-та да бидат подготвени за воен конфликт од висок интензитет. За нив, тоа конкретно значи да бидат спремни да примат илјадници и десетици илјади ранети. Не се кажува кој би бил непријателот... оти па не се знае.

Лаже ли вештачката интелигенција и зошто?

Додека дел од луѓето се загрижени дека работните места ќе бидат заменети со вештачка интелигенција или роботи управувани од вештачка интелигенција, постои уште еден поопасен аспект: способноста на вештачката интелигенција да нè лаже. Додека го прави тоа за да ни го тинтра егото, ај и некако, ама кога ќе почне сериозно да нè мафта за свој грош, нема да можеме ни да ја исклучиме. 

Укинување на неработните празници е во мода

Влади на повеќе земји предлагаат укинување на некои државни празници, убедувајќи го народот дека тоа ќе помогне во државниот буџет и ќе гио поттикне економскиот раст. Тие самите да станат поевтини и да не бидат толкав товар на буџетите, тоа не им текнува. 

Има ли Америка доволно струја за Нвидиа?

Првата компанија во светот која - во јули - постигна пазарна вредност од 4 трилиони долари, во серија ги надминува и оптимистичките очекувања. Нејзините процесори и чипови се толку моќни и посакувани што многумина веруваат дека Нвидиа е незапирлива. Но, наскоро би можела да се соочи со нов, неочекуван непријател.

Тужби на вакциналните заморчиња

„Ние бевме американските заморчиња за вакцинација и помогнавме човештвото да се спаси од ковид. Сега останавме сами со нашите инвалидитети“, велат некои од лицата кои волонтирале во клиничките испитувања на безбедноста и ефикасноста на ковид вакцината. Денес имаат и по 20 симптоми од експериментите па некои од нив го тужат производителот.

Европа ќе се брани од Путин со мочуришта?

Како да се спречи руска инвазија на Европа? Вратете ги мочуриштата, препорачува холандскиот биолог Ханс Јостен. Европските земји вложија огромен напор во исушување на мочуриштата за да создадат плодна почва. Сега, враќањето на природните бариери се нуди како главен адут на Европа против - замислениот - напад на Владимир Путин.

Европски „сили за уверување“ на Украина се фантазија

Ако за гарантирање на безбедноста на Украина, во тампон зоната би биле потребни 50,100 или 150 илјади европски војници, а Франција и Британија се спремни да испратат само меѓу 6.000 и 10.000 војници, од каде ќе се пополни остатокот, ако веќе Германија и Полска најавија дека нема да се вклучат? 

Ете ги и нив: Сомелиери за вода

По примерот на американски фенси ресторани, во округот Чешир во Англија е отворен првиот ресторан во кој покрај мени и винска листа, имаат и одбрана водна листа. При рака е и посебен сомелиер кој врши брзинска обука за гостите и ги убедува дека ќе бидат задоволни ако дадат 22 евра за шише вода. Хидроевангелистите веруваат дека водата долго била потценета па време е таа да се прецени.  

50 посто калории не стигаат до трпеза

Во 2020 година светот произвел доволно калории за да се нахранат 15 милијарди луѓе - но само половина од тие калории завршиле во чиниите на луѓето. Овој процент сега многу веројатно е уште понизок поради намалената ефикасност на глобалниот прехранбен систем. Уште една студија во која таргет е месото и препорака да се храниме како гулаби. 

Трамп 2.0 е опасна и непоправлива појава

Писмен конзервативец (пишувач на претседателски говори) вика дека дури и да победи некој нормален на следните претседателски избори во Америка во 2028-ма година, штетата што Трамп ја прави во функционирањето на владеењето на правото нема лесно да се поправи. Службата за имиграција, на пример, веќе е претворена во паравоена сила од Трампови лојалисти.

Австралија размислува за данок на празните соби

Во Австралија се крчка нова идеја што предизвика бура од реакции: данок на неискористените соби во приватните домови. Да, ако имате празна соба во вашата куќа, можеби наскоро ќе треба да платите за неа. Што е следно, данок на празните чинии во кујна, празните столици во трпезарија, празните рафтови во фрижидер?

Убиениот Анас ми беше пријател и знам зошто Израел се плашеше од него

Под псевдоним, палестински новинар кој избегал во САД ја пишува својата лична приказна за Анас ал Шариф, еден од новинарите убиени во последниот израелски напад во болница во градот Газа. Удриле еднаш, луѓе и новинари притрчале да им помогнат на настраданите, а овие удриле уште еднаш на истото место. Меѓу нив и Анас, дечко кој верувал дека светот мора да дознае што се случува во Газа.

Со запек до бесплатна кола

Во Северна Ирска речиси половина од автомобилите се регистрирани преку шема наменета за луѓе со попреченост. Освен бесплатна кола, шемата нуди куп галантни бенефиции, како што е сервисирање, промена на гуми, бесплатна инсталација на полнач во двор... Убаво, само што меѓу дијагнозите со кои може да се влезе во шемата се и запек, „тениски лакт“, па дури и злоупотреба на алкохол.  

Чума? Денес? Во Калифорнија?

Чумата - позната и како Црната смрт, екстремно ретко се фаќа денес па сепак, неодамна зарази жител на Саут Лејк Тахо. Терминот „чума“ обично асоцира на масовниот убиец што уби 25 милиони Европејци во средниот век. Во 14 век, чумата убила дури 50% од целокушното население на Европа. 

Дојде време Англичани да мафтаат со знамиња

Кога Англија и британската империја беа силни и самоуверени, глупо и непотребно било да се мафта со знамиња кои ja симболизираат културата, идентитетот и суверенитетот. Но луѓето таму чувствуваат дека тие работи сега се под закана. „Бевме сигурни кои сме и што сме и немаше потреба да се виткаме во знамиња“. Со масовната миграција што му се случува на островот, веќе не се сигурни дека тоа е истата Англија.   

Кинези прават ветерници за струја што ќе летаат

Кон крајот на 50-тите години од минатиот век, кинески научник визионер замислувал дека еден ден ќе има ветерници за производство на електрична енергија кои ќе лебдат во воздухот. Денешните истражувачи од неговата земја се на пат тоа да го претворат во реалност - лебдечки ветерници кои ќе бидат незаменливи во оддалечени подрачја или онаму каде што се случила некоја голема несреќа.   

Американците престануваат да пијат

Само 54% ​​од Американците на возраст легална за пиење алкохол денес консумираат алкохол, покажува скорешна анкета на Галуп, што е најнизок процент откако ваква анкета почна да се прави во 1939 година. Дури и оние кои пијат, пијат помалку, за речиси половина. Решение за паднатите приходи производителите гледаат во безалкохолните пива. 

Државна лотарија - во поддршка на културата и општествениот развој

Сигурно сте забележале дека во последната година Државна лотарија општествената одговорност ја потврдува како срцевина на своето дејствување.  

Зошто толку многу луѓе го голтаат дигиталното ѓубре

Дури и животните што знаат да прибегнат кон консумирање измет - свињи, слонови, тапири, вепри - го прават тоа за некаква хранлива вредност во ексремно тешки околности. Спротивно на тоа, луѓето се чини дека се среќни да консумираат интелектуален отпад без никаква корист. Детоксицирајте се. Во заглупен свет, најбунтовно е да размислуваш.

Лесно е да се убие рак во лабораторија

 Нема па нема па по интернет ќе се појави некој бомбастичен наслов за чудесно откритие поврзано со лечење рак. Те нешто во јогуртот ги убива канцерогените клетки, те истото го прави супстанца од магарешки трн. Таквата вест разбирливо ќе предизвика огромна надеж но години ќе поминат и нема ништо да излезе од тоа. На дифолтно сомничавите им е најлесно тоа да го објаснат: фарма- мафијата не дозволува лекот да види бела виделина. А не (секогаш) е така. 

Радосно грмење на заборавените луѓе

30 години од нивните први два албума и после 16 години во кои браќата Лијам и Ноел не само што не сакаа да се видат туку и си порачуваа дека ќе си ги ископаат очите ако се сретнат, Оезис се повторно на - спектакуларна - турнеја.  Од Сао Паоло до Сиднеј. Најјако секогаш е на домашен терен. Ако Клеш требаше да се гледаат во некој андеграунд клуб а Том Веитс на шанк во некој ноќен клуб, Оезис се баш за на стадион. Таа енергија и дрскост не ја собира на помало место. 

Израелскиот атентат врз сеќавањето

Израелското уништување на Газа не е само етничко чистење. Тоа е бришење на еден народ, една култура и една историја, што ги разоткрива лагите за оправдување на израелската држава. Израел зборува за окупирање. Ова е трик. Газа не треба да биде окупирана. Треба да биде уништена. Избришана од лицето на земјата. Нема да остане ништо освен тони шут што макотрпно ќе бидат однесени.

Јапонци на строг пост за смартфони

Властите на јапонскиот град Тојоаке ги повикаа сите корисници на смартфони да го ограничат на два часа времето што го поминуваат пред ептен малите екрани, откако ќе им завршат секојдневните работни обврски или наставата за учениците. Мерката не е обврзувачка и не се предвидени казни за прекршителите. Младите Јапонци реагираат дека денес тоа е невозможно да се спроведе.