Чума? Денес? Во Калифорнија?

Чумата - позната и како Црната смрт, екстремно ретко се фаќа денес па сепак, неодамна зарази жител на Саут Лејк Тахо. Терминот „чума“ обично асоцира на масовниот убиец што уби 25 милиони Европејци во средниот век. Во 14 век, чумата убила дури 50% од целокушното население на Европа. 

Чумата - позната и како Црната смрт, екстремно ретко се фаќа денес па сепак, неодамна зарази жител на Саут Лејк Тахо.

Терминот „чума“ обично асоцира на масовен убиец што уби 25 милиони Европејци во средниот век. Во 14 век, чумата убила дури 50% од целокупното население на Европа. 

Чумата можеби е закана од минатото, но продолжува да биде многу сериозна болест, со мал број случаи секоја година. Во неодамнешниот случај на човек на Саут Лејк Тахо, се верува дека ја добил ретката болест од заразена болва додека кампувал во областа. Последниот случај пред овој беше пријавен во округот Ел Дорадо во 2020 година а два случаи на чума беа регистрирани во Калифорнија во 2015 година.

Чумата е предизвикана од бактеријата Yersinia pestis и првенствено ги напаѓа малите животни или глодарите.

Постојат три вида на чума: бубонска чума, со карактеристични отечени лимфни јазли; септикемична чума, кога инфекцијата се шири низ целото тело и пневмонична чума, која ги инфицира белите дробови.

Може да се прошири на луѓе и домашни миленици со каснување од заразена болва или од близок контакт со заразен глодар.

Чумата била донесена во САД на почетокот на 20 век од стаорци во парабродите кои пристигнувале од Азија, а првиот случај бил идентификуван во областа на Сан Франциско.

Шумски животни кои би можеле да ја носат болеста и треба да се избегнуваат се верверички, шумски стаорци, глувци и мрмоти.

 

25 август 2025 - 20:02