Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

ЦИА создала стотици тајни веб-страници

Ленгли со децении управувал со широка мрежа од тајни веб-страници - навидум безопасни блогови и новински портали, а всушност терминали за информатори. Со 885 страници шпионирал и непријатели и сојузници. Многу од овие страници биле откриени. Владата на САД денес за оваа цел спонзорира илјадници новинари ширум светот и строго ги контролира содржините на Фејсбук и Гугл.

Епстин немал тефтер со клиенти и не се самоубил

Џефри Епстин не водел таен список со клиенти што ги вовлекол во својата мрежа за детска проституција, тврди неговата долгогодишна партнерка во сведочењето од затвор пред јавен обвинител. Гислејн Максвел е убедена дека Епстин не се самоубил во својата затворска ќелија. Поучена од своето искуство зад решетки, објаснува: „Таму може да те скинат за 25 долари“.

Прв Австралиец на суд за воени злосторства

Поранешен припадник на специјалните сили САС ќе биде првиот австралиски војник на кој ќе му се суди за воено злосторство извршено додека служел во Авганистан. Оливер Шулц е обвинет дека во 2012 година намерно застрелал невооружен земјоделец на нива. Убиството тогаш било оправдано како „легално“, но видео-снимка потврдува дека убиениот маж не претставувал опасност.

Наредена општа дигитална миграција на Русите

Руските власти наредија на сите мобилни телефони низ земјата да биде исталирана апликацијата за пораки Макс, поддржана и одобрена од државата. Во исто време ги исфрла странските сервиси и домашниот Телеграм. Критичарите протестираат дека Кремљ ја копира политиката на кинеските власти за да го прошири дигиталниот надзор на граѓаните и да ја засили контролата врз нивните активности. 

Условите на Путин: Цел Донбас, нема НАТО, нема западни војници

Владимир Путин бара Украина да се откаже од целиот регион Донбас, од амбициите за влез во НАТО, да остане неутрална и да не стапнат западни трупи во земјата, изјавиле за Ројтерс три извори запознаени со ставовите на Кремљ. Отстапката што Путин ја прифатил на средбата со Трамп било откажување од териториите на Херсон и Запорожје што сега не се под руска окупација.

ОН прогласи глад од највисок степен во Газа

Меѓународното тело на ОН одговорно за надгледување на ситуацијата во светот официјално прогласи глад во Газа. Од два милиони жители, гладуваат половина милион. ИПЦ предупреди дека ситуацијата уште повеќе ќе се влоши ако Израел ја спроведе најавената операција за окупирање на градот Газа, што ќе значи прогон на уште 1 милиони жители и изгладнување на уште стотина илјади. 

Ќе се проверуваат сите што поседуваат американска виза

Администрацијата на Трамп продолжува да игра пресинг со имиграцијата. Првично се фокусираше на нелегалната, но сега се проширува и на легалната миграција, оние кои се таму со туристичка, работна или студентска виза. Ги има вкупно 55 милиони и сите нивни случаи ќе бидат прочешлани, вклучувајќи и тоа што објавуваат и споделуваат по социјални мрежи. 

Неонацист со мустаќи во женски затвор

Озлогласен германски неонацист ги искористи законските дупки за да може да отслужи казна во женски затвор. Екстремистот што ги нарекуваше трансџендерите „паразити на општеството“, пред судот се претстави како жена, со лакирани нокти, накит и со нападен кармин под густите мустаќи „до грло“. Не му требало операција, едноставно пополнил формулар за промена на името. 

Канцеларијата на Јункер е задна врата до врвот на ЕУ

Шест години по повлекувањето од функцијата претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер сè уште се среќава со лобисти и странски дипломати во седиштето на ЕК. Десетици гости го посетиле за да го искористат неговото влијание кај наследничката. Јункер вели дека е „имун“ на лобирања, но мора да му се верува на „чесен збор“. Нема никакви записи што разговара со гостите.

Бразил жртвува амазонска шума со површина на Португалија

Само три месеци пред да биде домаќин на глобалниот самит за климата КОП-30 среде Амазонија, Бразил го суспендираше еден од клучните договори што ги заштитуваше дождовните шуми. Попушти пред моќното земјоделско лоби и дозволи да се одгледува соја на површина колку Португалија. Толку од Лула да Силва, која дојде на власт со ветување дека ќе ги спаси амазонските шуми.

Топењето на глечерите дава живот

Со години слушаме дека топењето на глечерите на Гренлад води кон апокалиптично сценарио – кревање на нивото на морето и катастрофални поплави. Ново истражување поддржано од НАСА и МИТ укажува дека топењето всушност е благослов за морскиот живот и за планетата воопшто. Мешањето на водите природно ги ѓубри океаните, ослободува повеќе кислород и цица ЦО2.

Ќе бидат ли некогаш самостојните зумерите?

Свежите работни сили на САД, млади а возрасни лица, со бебешки чекори влегуваат во корпоративниот свет на Америка. А штом чекорите се бебешки, тука се мама и тато да ги фатат ако паднат. Неверојатни 77 проценти од Генерацијата З признале дека, за да им го држат стравот, носеле родител на интервју за работа. А тоа не е сè што прават хеликоптер родителите.

Австрија признава шеријатски закон во приватни спорови

Австриски граѓански и секуларен суд во контроверзна одлука пресуди дека исламскиот шеријатски закон може да се примени во арбитражни спорови во земјата, под услов сите страни во договорот да се согласат со тоа. Тажен ден за секуларната уставна држава, коментираше опозициски пратеник. Европскиот суд за човекови права во 2003 година пресуди дека шеријатот е забранет во Европа.

Почна легалната кражба на изборите во САД

Со типично американскиот збор џеримандеринг Американците го нарекуваат прекројувањето на изборните мапи на окружно и државно ниво на начин што би ѝ дале некој конгресмен плус на партијата што има мнозинство. Републиканците во Тексас го направија првиот чекор спроти парцијалните избори во 2026 година. Демократите возвраќаат со прекројување во Калифорнија.

Садик Кан: Доналд Трамп не е сила на доброто

Садик Кан не ги премолчи критиките од Доналд Трамп за муслиманите и разновидноста на  Лондон. Градоначалникот смета дека претседателот на САД „не е сила на доброто“, бидејќи со своите изјави ги радикализира луѓето. Верува дека тоа го прави ненамерно и го предупредува дека како најмоќен човек во светот треба да знае дека сè што ќе каже носи сериозни последици во заедниците.

Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7 - твоите нови тех-асистенти за секој ден!

Дали некогаш си посакал уред кој го следи твојот ритам, кој ќе ти овозможи да ги завршиш работите побрзо, а сепак да останеш креативен и опуштен? Добредојде во светот на Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, двојка која ќе ти го промени доживувањето на мобилната технологија, особено ако си личност што тежнее кон продуктивност, но и ужива во забавата и слободата.

Нова машина чита мисли и ги претвора во зборови

Уред поврзан со кортексот во мозокот овозможил читање на мисли во реално време со неверојатно висока прецизност од над 70%. Вграден кај парализирани лица, со тек на време учи да ги препознава сигналите испратени до мускулите од говорниот апарат и да ги преведува во зборови. Овозможил комуникација со 120 зборови во минута и го проширил речникот на 125.000.

Сиријци во Австрија намерно паѓаат на испити за да живеат од социјална помош

Гастарбајтери со децении се мачат да ги совладаат незгодните германски падежи и родови, само за да добијат работа во Австрија и полесно да се интегрираат во општество што им отвора нови можности. Сириски бегалци денес применуваат обратна тактика. Намерно паѓаат на испитите за германски, дури и ако го владеат јазикот, за да не добијат слабо платена работа и за да живеат од социјална помош.

Децата се бомбардирани со порнографија

Изложеноста на децата на порнографија во Британија денес е поголема отколку пред две години, кога беше воведен Законот за безбедност на интернет. Првиот случаен контакт со порно го имаат уште пред да тргнат на училиште. Особено загрижува тоа што имаат пристап до сексуални содржини со насилство. Не ги бараат самите, туку им ги сервираат социјалните мрежи, најчесто X.

Како падна најстрашниот нарко-клан во Албанија

Специјалната албанска полиција деновиве објави обвинение на 282 страници против нарко-картелот на Франц Чопја и браќата Чела, најмоќните шверцери на дрога во Европа. Озлогласениот клан Чела-Чопја бил толку моќен што ја диктирал цената на кокаинот на континентот. Милијардите од шверц на дрога ги переле преку недвижнини, луксузни туристички резорти и вили на албанскиот брег.

Европа не е подготвена за мир

Дури и да сакаат, европските лидери немаат војници потребни за вистински гаранции за Киев. Нивен најголем проблем ќе биде како да се справат со домашните чирлидерки на војната. Таквите уште мечтаат за некакви промени во Кремљ. Но, остатокот од светот не гледа на Русија онака како што ја гледа Европа. Евроцентричната перспектива повеќе не доминира во глобалниот дискурс - освен, се разбира, во Европа. 

Големата шведска црква лази кон новата локација

Бавно и внимателно, големата градска црква во Кируна сосе камбанаријата го почна својот историски пат до нова локација некои 5 километри на исток, за да не биде проголтана од рудникот ископан под неа. Транспортот на објектот тежок стотици тони е круна на преселбата на целиот град со 23.000 жители – куќа по куќа. Швеѓаните не брзаат. Преселбата почна во 2017 година и ќе трае уште со години.

Специјална израелска единица оцрнува новинари како терористи

Израелската војска формирала специјална единица чија задача е да ги претставува новинарите во Газа како борци на Хамас, за да може да ги ликвидира и потоа пред меѓународната заедница да се правда дека биле легитимна цел како терористи. Ако за еден палестински новинар се пронајдат врски со Хамас, тоа може да послужи за да се оправдаат убиства на 20 други. Во Газа досега се убиени 180.

„Малцински извештај“ во режија на британската полиција

Напреден софтвер ќе добие пристап до сите лица со досие за да предвидува убиства и грабежи, да посочува локации на злосторства и да ѝ овозможи на британската полиција да апси криминалци уште пред да го зададат ударот. Како пророците од филмот „Малцински извештај“. Бранителите на граѓански слободи предупредуваат дека Англија и Велс ги очекува „орвеловска“ дистопија.