Вести

Која е Трамповата елитна дипломатка во Атина?

Американска амбасадорка во Атина е Кимберли Гилфојл. Иако беше во брак со калифорнискиот гувернер Гавин Њусом, стана битно име во МАГА откако се вери со Трамп помладиот. Со себе често носи еден грчки лобист, но ако не ѝ се оди по ќеиф, знае да ги потсети Грците како падна романската влада и да им даде до знаење дека на Американците тоа им се може и во Атина. 

Бугарија добро одигра со батериите

Една од моментално најинтересните епизоди во меѓународниот енергетски сектор се случува на неочекувано место: во Бугарија. Една земја во југоисточна Европа со население од само 6,4 милиони, сега има еден од највисоките соодноси во светот на батериски капацитет во однос на вкупниот капацитет на енергија, надминувајќи пазари како Калифорнија, Германија и Кина. 

Владата ги учи Швеѓаните да бидат дрски кон сомнителни лица

Повозрасните Швеѓани, воспитани да бидат учтиви и љубезни кон туѓинци и сомнителни лица, се најчестите жртви на измамници, кои со лажни приказни лани им украле речиси половина милијарда евра. Нова кампања ги повикува граѓаните да одговараат подрско на сомнителни разговори и да им ја треснат вратата на униформирани лица кои им бараат пари.

Речник

Биокомпјутер со ДНК-чипови во капка вода

Научници конструираа функционален компјутер што може да врши аритметички операции со помош од ДНК. Иако е страшно бавен, се покажал како енергетски поефикасен од постоечките био-компјутери, кои поврзуваат живи клетки со традиционален хардвер. Не следи организиран процес, не прави неповратни чекори, а сепак на крајот секогаш го дава точниот одговор.

Милион долари не се доволно за место меѓу најбогатите 10% во Америка

Кој не сака да биде милионер? Општо прифатен став е дека седумцифрената сума обезбедува луксузен живот. Во денешна Америка, сепак, милион долари повеќе не се доволни за да се биде во елитниот клуб на најбогатите 10%, и едвај може да обезбеди удобни пензионерски години. Како што се оди повисоко, пирамидата на богатството е уште пострмна.

Трамп го испрати Си со полни очи и празни раце

Трамп го пречека Си Џинпинг во Белата куќа со највисоки почести, пофалби, подароци и раскошна вечера, но без волја за суштински пробив за проблемите што ги оптоваруваат меѓусебните односи. Клучните спорови за царините, трговијата, развојот на ВИ, чиповите, ситуацијата околу Тајван и синџирот за снабдување со ретки минерали се одложуваат за некој иден самит.

Милијарда луѓе живеат во ќерпич

Урбаната експанзија и засилената економска миграција го зголеми на над милијарда бројот на луѓе што живеат во населби без основни санитарни услови. Наскоро може да ги има и 2 милијарди, бидејќи пренаселените градови немаат капацитет доволно брзо за да изградат инфраструктура што би им обезбедила пристоен дом на толку многу луѓе. Тоа ги зголемува ризиците од зарази и криминал.

Мета мора да ги промени алгоритмите во Холандија

Холандски суд ѝ наложи на Мета да направи структурни промени на своите платформи Фејсбук и Инстаграм, зашто корисниците немаат овластувања самостојно и слободно да ги исклучат алгоритмите за препораки. „Неприфатливо е неколку американски технолошки гиганти да диктираат како корисниците во Европа ја гледаат содржината“, тврди групата што ја тужеше Мета.

Имигрантите станаа топ тема во Јапонија

Веста за рекордниот број новородени бебиња од семејства на странци во Јапонија ја разбрануваа јавноста, која е поделена во ставовите дали имигрантите се благослов или се проклетство за нацијата. Едни ги гледаат како спас за фабриките и решение за демографската криза, а други не ги сакаат затоа што им ја загрозуваат традицијата. Идната премиерка е на страната на вторите.

Борис Џонсон примал мито за да ја тера Украина да војува

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон лобирал за продолжување на украинскиот конфликт откако примил мито од британски индустријалец што ѝ испорачува беспилотни летала на Украина. Џонсон бил придружуван од својот спонзор кога го посети Киев и на Зеленски му ветуваше дека ќе добие огромна воена поддршка, само за да не потпише мировен договор со Русија. 

Старите се џанаци, малку поинакви

Зависноста од ултрапреработена храна денес е почеста отколку зависноста од алкохол или тутун кај постарите Американци, а жените може да бидат особено погодени од овие прехранбени производи за кои им било кажано дека се „диетални“ опции. Напиши им дека нешто е со ниска масленост и ќе се убедат дека е здраво.

Третиот свет задолжен до гуша кај Пекинг

Земјите во развој сега плаќаат повисоки суми за сервисирање на своите долгови кон Кина отколку што добиваат нови заеми, што ги турка подлабоко во должничката спирала. Кинеските банки обезбедија таква позиција со инвестирање стотици милијарди долари во инфраструктурни проекти во Глобалниот Југ. Пекинг сега им нуди на овие земји обврзници во јуани.

Мажот што го запали Куранот во Лондон го одбрани правото на слободно изразување

Британски крунски суд му ја поништи казната на мажот што го запали Куранот во Лондон и го навредуваше исламот. „Правото на слобода на изразување, ако е право што вреди да се има, мора да го вклучува и правото на изразување ставови што навредуваат, шокираат или вознемируваат, заклучи судијата, реагирајќи на жалбата. Британија одамна го укина законот за богохулење.

Кинези развија нова генерација литиумски батерии

Кинеските научници го надминаа клучниот проблем на литиумски батерии во цврста состојба, кои се сметаат за технологија од следната генерација. Овие батерии се двојно ефикасни од традиционалните, продолжен им е оперативниот век, полесни се и побезбедни. Практичната примена е огромна, од хуманоидни роботи, до електрични автомобили и летала.

Брисел бара децата самите да си го избираат полот

Новата Стратегија за еднаквост на ЕУ предвидува децата на било која возраст да си го изберат легалниот пол, без медицински и бирократски контроли, по сопствена желба. Се предвидува и забрана на „терапиите со разговор“, со што родителите или професионалците нема да имаат начин да проверат дали детето навистина сака да започне неповратни процедури за промена на полот.

На Путин му се позлати стратегијата

Русија претрпе дваесетина пакети санкции од Европа и уште неколку од САД, но ниту економски пропаднала ниту се чини дека ја запира војната во Украина. За да остане на површина ѝ помогна стратегијата на Владимир Путин, кој вложи сè во клучен столб – златото. Облогот му се исплати. Златото стаса до 4.000 долари за унца, а Русија почна да го купува кога чинеше под 600.

Трамп тргна по црните пари на Антифа

Над 100 милиони долари од даночните обврзници се прелеале до организаторите на насилните протести во САД преку црни канали на организации што се декларираат за непрофитни, тврди директор од Институтот за одговорност на владата. Со пари што ги добиваат преку фондации на Сорос, Тајдс и Вис, здруженијата како Антифа функционираат како корпорации за насилни протести.

Секој ден паѓаат по два сателити од Старлинк

Сателитската империја на Илон Маск буквално почна да се распаѓа. Секој ден од мрежата на системот Старлинк откажуваат по еден до два сателити, се исфрлаат од орбита и согоруваат во атмосферата. Многу скоро ќе бидат исфрлани по пет на ден. Како што во трката се вклучуваат Амазон и Кинезите, за неколку години вселенско ѓубре ќе биде сериозен ризик за Земјата.

Порше ќе вози низ тунел од својот дворец до Салцбург

Волфганг Порше, внук на основачот на познатата марка автомобили, доби дозвола од градските власти на Салцбург да ископа гаража под својот дворец заштитен од УНЕСКО и да пробие тунел од 500 метри до центарот на градот. Приватната подземна улица ќе биде „приоден пат“ резервиран само за него. Јавното земјиште го купил за помалку пари отколку што чини најевтиното „порше“.

Кенеди: Обрежувањето го дуплира ризикот од аутизам

Американскиот министер за здравство го посочи и обрежувањето на новороденчиња како фактор за зголемување на бројот на случаите на аутизам. Вели дека двојно го зголемува ризикот. Причината не е самиот оперативен зафат што се практикувал со векови наназад, туку вообичаеното препишување Тиленол (парацетамол) за да им се ублажи болката на обрежаните момчиња.

Санае Такаичи: Бубњарка, моторџика, премиерка

„Сакам да станам Железната леди, како Маргарет Тачер“, има признато Санае Такаичи која пред неколку дека беше избрана за прва жена лидер на владејачката партија и сега е на пат да стане прва премиерка на Јапонија. Зад неа е богата политичка кариера но младоста ја има поминато со сосема поинакви занимации.  

Црните дупки може да се космички мозоци

Астрофизичари забележале големи сличности помеѓу црните дупки и мозокот. Нивната теорија е дека најекстремните тела во универзумот не уништуваат информации, туку ги чуваат и обработуваат, а Универзумот не е само произволен физички систем, туку еволутивен компјутерски или биолошки систем со комплексна невронска мрежа што се протега на космички размери.

Со презиме на министер лесно се собираат милиони

Жена од Узбекистан нашла ефикасен начин да извлече милиони евра од лековерни и богати московјани. Им се претставувала како внука на Сергеј Шојгу, поранешниот руски министер за одбрана, кој се уште важи за човек од внатрешниот круг околу претседателот Путин, и ги убедувала да вложат милиони во семејниот бизнис за криптовалути. Вкупната сума може да надмине 6 милиони евра.

Црн дроб од свиња успешно пресаден на човек

Кинески хирурзи се првите што успешно пресадиле дел од црн дроб на свиња во тело на човек. Трансплантираниот дел ја извршил својата функција и помогнал да се регенерира целиот орган. Бил отстранет по 38 дена, бидејќи пациентот веќе бил загрозен од напреден рак и цироза. Целта е органи од свиња барем привремено да спасат пациенти додека чекаат соодветен црн дроб од човек.

Нема повеќе Германец по итна постапка

Бундестагот ја укина програмата што им овозможуваше на мигрантите да добијат германско државјанство по забрзана постапка. Одлуката нема да се одрази значително на бројот на натурализирани Германци, но сведочи за промената на односот на Берлин кон мигрантите. Мерц балансира помеѓу политиките на социјалдемократот Шолц и на најпопуларната партија АфД.

Газа дочека примирје

Израел и Хамас се согласија со прекин на огнот, повлекување на трупите од Газа и ослободување на сите израелски заложници. И двете страни го слават примирјето како победа. Но, останува уште многу работа до траен мир. Примирјето е само прв чекор од поширокиот план на Трамп за крај на војната во која во изминатите две години беа убиени повеќе од 67.000 луѓе и Газа беше речиси срамнета со земја. 

Вархеји: Европските „општи“ грантови за невладини се нелегални

Европските грантови за покривање на секојдневните трошоци на невладините организации се нелегални. Ова директно на невладините им го кажал еврокомесарот за здравство Вархеји на приватен состанок пред една недела. Правните рамки ги ограничуваат организациите да ги трошат парите од европските грантови на специфични проекти, а не и да покриваат други трошоци.

Главните медиокритeти во европската кула од карти

Европа некогаш ја водеа личности како Конрад Аденауер, Жан Моне, Шуман, Ширак, Кол... Денешна Европа ја водат поинакoв калибар на лица. Тие не се лидери, туку менаџери од средно ниво кои сосема случајно се нашле во салата на управиот одбор. Нема тука стратези туку ситни тактичари, лишени и од визија и слух за гласот на историјата.

Нарачале скап извештај од Делоит, добиле евтини халуцинации од ВИ

Делоит е притиснат да ѝ врати стотици илјади долари на австралиската влада поради катастрофално лошо изработен извештај. Австралиски ревизори го фатија глобалниот ревизорски гигант дека работата наменета за високо платени експерти, му ја препуштил на генеративен модел со вештачка интелигенција. А, четбот како четбот, почнал да халуцинира и да измислува податоци.

Прв тест за откривање на подмолниот хроничен замор

Развиен е првиот тест за дијагностицирање на Синдромот на хроничен замор. Уште не се познати причините за оваа состојба која се развива бавно и може да биде препознаена дури кога ќе ги преоптовари телото и умот. Останува без дијагноза во 90% од случаите. Зачестил по панедемијата и се поклопува со долгиот ковид, што укажува дека од синдромот веројатно страдаат стотици милиони луѓе.