
Прекинот на огнот ќе стапи на сила денеска попладне, откако договорот ќе го потпише израелската влада. Хамас веќе го прифати договорот, иако сè уште ги чека имињата на своите припадници што треба да бидат ослободени од израелските затвори.
Со потпишувањето на договорот Израел ќе треба во рок од 24 часа да ги повлече сите свои копнени трупи на дефинираната „жолта“ линија за демаркација. Кога повлекувањето ќе заврши, почнува рок од 72 часа во кој Хамас ќе мора да ги ослободи сите 20 преостанати израелски заложници што се живи и да ги предаде телата на 25-те загинати. Премиерот Бенјамин Нетанјаху очекува првите заложници да бидат ослободени веќе во сабота. Израел во исто време ќе ослободи 250 затвореници и уште 1.700 Палестинци приведени при воените операции во Газа.
Во понатамошните фази израелското повлекување постепено ќе продолжи, сè до конечно напуштање на палестинската енклава.
Американскиот претседател Доналд Трамп и посредниците во Египет нагласуваат дека ова не значи дефинитивен крај на војната, туку е само примирје што овозможува да се спречат понатамошни жртви и страдања додека се преговара за управувањето и обновата на поствоена Газа.
Israel Gaza War: Celebrations Erupt In Israel's Tel Aviv As Trump Announces Israel-Hamas Peace Deal#DNAVideos #donaldtrump #israelgazawar #israelhamaswar
— DNA (@dna) October 9, 2025
For more videos, click here https://t.co/6ddeGFqedQ pic.twitter.com/llN2BqztrD
Во планот од 20 точки на Трамп не е предвидена никаква улога за Хамас по војната. Управувањето треба да го преземе Палестинската самоуправа, но по „големи реформи“, кои сè уште не се прецизно дефинирани. Транзицијата на власта ќе ја управува меѓународен Одбор за мир, на чело со Трамп, во кој на извршна позиција ќе биде и поранешниот британски премиер Тони Блер.
Многу сум горд што објавувам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план. Ова значи дека СИТЕ заложници ќе бидат ослободени многу наскоро, а Израел ќе ги повлече своите трупи по договорена линија како прв чекор кон силен, траен и вечен мир, објави Трамп.
Трамп најави дека утре или најдоцна до викендот ќе го посети Египет, а потоа и ќе се обрати пред Парламентот во Израел. Не е јасно дали за своите мировни напори ќе биде награден со Нобеловата за мир, која се доделува утре на пладне.
Penduduk Palestin di Khan Younis berkumpul meraikan pengumuman pada awal pagi Khamis (9 Oktober), selepas Israel dan Hamas menandatangani perjanjian Gaza untuk menamatkan perang.
— Astro AWANI (@501Awani) October 9, 2025
Perjanjian itu merangkumi pengunduran tentera Israel dari wilayah Gaza serta pertukaran tahanan dan… pic.twitter.com/7Efem22eXr
Ако планот биде целосно спроведен, би требало да ги зближи Израелците и Палестинците повеќе од кој било досегашен договор. Сепак, не е експлицитно потврдено дека Палестинците ќе имаат своја држава, покрај Израел. За да се случи тоа неопходен е и договор за разграничување и надминување на „вечниот“ спор за статусот на Источен Ерусалим, кој Палестинците го сметаат за главен град на својата идна држава.
Хамас категорично одбива да се разоружи и да се расформира сè додека израелски трупи окупираат палестинска територија. Арапските земји, кои го поддржуваат планот, инсистираат тој да води кон палестинска држава, за што Нетанјаху вели дека „никогаш нема да се случи“.
И Нетанјаху и Хамас засега го претставуваат примирјето како „победа“.
Со одобрувањето на првата фаза од планот, сите наши заложници ќе бидат вратени дома. Ова е дипломатски успех и национална и морална победа за Државата Израел, изјави израелскиот премиер.
Потврдуваме дека жртвите на нашиот народ нема да бидат залудни и дека ќе останеме верни на нашето ветување - никогаш да не ги напуштиме националните права на нашиот народ сè додека не се постигне слобода, независност и самоопределување, соопшти Хамас.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, го опиша планот на Трамп како „општ“, но и „најдобар што го имаме“.
Во 20-те точки од планот на Трамп е спомнат зборот „државност“, кој е наведен како општ термин. Во овој контекст, прашање е што ќе остане од Газа. Не е спомнат Западниот Брег. Но, ние сме реалисти. Разбираме дека ова е најдоброто што е на масата. Планот е најдобрата опција што би била прифатлива за Арапите, а која Израел не може да ја одбие, порача Лавров.