Вести

Повеќе затвори се единствено решение за преполнетите ќелии

Британија веднаш се соочи со очигледен неуспех на стратегијата за предвремено ослободување на стотици затвореници поради преполнетост на затворите. По само една недела голем дел се вратија зад решетки. Владата ќе мора да прифати дека нема друга можност освен да дозволи да биде надминат капацитетот на затворскиот систем, сè додека не се изградат нови затвори.

Банкарскиот гигант УБС сака да заминe од Швајцарија

Последната преостаната голема швајцарска банка сериозно разгледува потег што се чинеше за незамислив: да го напушти Цирих и да се пресели во странство. Најавата за заминување на УБС отвора голема дилема за властите во Берн: Дали да ги заострат регулативите за банките или да го задржат историскиот идентитет на Швајцарија како сигурен глобален финансиски сеф?

Кличко во ринг со Зеленски: Каде отидоа милијардите за одбрана на Киев?

Градоначалникот на Киев ги обвини претседателот Зеленски и неговата влада за копрупција и за злоупотребување на воената состојба за политички напади врз општинските власти. Токму пред грејната сезона владата ги замрзнала давачките за комуналните претпријатија, а Киев го оставила изложен на руски проектили, наспроти милијардите евра наменети за противвоздушна одбрана.

Речник

Долгиот ковид уништува допамин во мозокот

Научници открија дека долготрајниот ковид ги уништува допаминските рецептори во мозокот, кои се одговорни за мотивација, паметење и чувство на задоволство. Колку е потешка болеста, толку се посериозни последиците. Најлошо од сè е тоа што последиците се трајни, бидејќи оштетените рецептори за допамин не се обновуваат по заздравувањето.

САД ја притискаат Европа да одмрзне руски милијарди

Соединетите Држави побарале од европските земји да деблокираат дел од руските државни пари, кои беа замрзнати по инвазијата врз Украина, и да ги префрлат во посебен механизам под надзор на Вашингтон. Ова е дел новата американска иницијатива за заживување на преговорите за крај на војната и за постигнување сеопфатно мировно решение за Русија, Украина и Европа.

Како млекар го преплаши Трамп од нуклеарна закана од Иран

Трамп и луѓето од неговиот најтесен круг се опседнати од заканата дека Иран би можел да активира нуклеарна бомба која би спржила сè што работи на струја во САД. Иако физичари објаснуваат дека Техеран нема оружје за електромагнетен пулс, Трамп со години е под влијание на предупредувања од њујоршки млекар, кој вложи милиони долари на лобирање и кревање паника.

Химна на денот: Порторико

Благодарејќи на златниот олимписки медал на тенисерката Моника Пуиг, имавме прилика да ја чуеме химната на Порторико. Химните знаат да бидат помпезни, воинствени или моќни. Нашата е породилна (иако сонцето на слободата никако да се породи). Порториканскава е чиста лирика.

Плата е да се крие

Во Масачусетс кандидатите за вработување нема да мораат да ја откриваат својата претходна плата, што досега беше главно ограничување во одредувањето на нивната нова плата.

Рекордерска 2016-та

Затоа што дискретни ишарети како катастрофална суша во Источна Азија, пожари на огромни пространства во Северна Америка, и тоа што прекуокеански патнички бродови редовно го минуваат Арктикот, не вршат работа, од научниците доаѓа официјално признание за тоа колку луѓето се ужасни по Земјата - и службено секој месец во 2016 е најтопол месец во историјата.

Елон Маск реши дека иднината е соларна шиндра

Наместо да местиш кров па на него да монтираш соларни панели како пештерски човек, зошто уште од старт кровот да не го покриеш со соларна шиндра што ќе ти произведува струја. Или по зборовите на Маск "тоа не е некоја работа на кровот, тоа е кровот."

Политичките постови на Фејсбук не менуваат ничие мислење

Дадовте сè од себе по социјалните мрежи ХРАБРО да ги искажете своите ЈАСНИ и ГЛАСНИ политички ставови за вистинските проблеми во државата и  светот? Ако мајке, да сте живи и здрави. Само што, слабо фајде од тоа, велат истражувањата. 

Доналд Трамп не ни сака да стане претседател

Снимателот на документарци изјавил дека "со сигурност" знае дека Доналд Трамп не сака да биде претседател на САД и тврди дека републиканскиот кандидат сега ја саботира сопствената кампања за да го избегне претседателскиот мандат.

Ако можеш, објасни ми ja, Боже

Кога знаеш дека некој човек природните несреќи ги толкува како божја казна за педерите и другите антихристи, има ќеиф да го слушаш како се труди да си објасни зошто неговата куќа е комплетно поплавена.

Митот за декриминализација на проституцијата

Декриминализацијата на трговијата со секс се промовира како нешто кое на жените ќе им обезбеди поголема моќ, и ќе ја ребрендира оваа услуга. Но статистичките и други податоци за земјите во кои проституцијата е легализирана и/или декриминализирана не покажува ваков позитивен тренд, тврди коментаторка на списанието Аеон.

Лајт-пиво, најуспешниот маркетинг трик што светот некогаш го видел

Бад лајт се појавува во 1981, до 1990 продажбата на лајт-пива изнесува 28% од вкупната продажба на пиво. Изминативе години, лајт-пивата зафаќаат седум места на списокот на десетте најпродавани пива во САД.

Најџел Фараж бара германско државјанство?

Откако е забележан како чека во ред за влез во германската амбасада во Лондон, заштитниот кловн на брегзит одбива да одговори на прашањето дали аплицирал за добивање на германско државјанство.

И според науката не треба да се објавуваат слики од терористи

Пред неколку седмици француските весници одлучија дека повеќе нема да објавуваат фотографии и имиња на терористи, по основа дека нема да учествуваат во „стратегијата на омраза“ на групи како ИСИС и Боко Харам, кои се постојано желни за медиумско внимание. Иако одлуката на медиумите е реакција на ужасите што им се случуваат во двор, таа има и сериозна подлога во науката.

Што е постаро: јајцето или профитот?

Лесно е кога ќе скршиш 3-4 јајца, лушпите ќе ги фрлиш или ќе ги расфрлиш по двор бидејќи се добри за земјата. Но, што да правиш ако дневно ти остануваат лушпи од милиони јајца? Да правиш пари.

Стварно си гола вода во споредба со татко ти

Сомнежот што сето ова време успешно го гасиш со "и јас на негови години ќе имам таква сила" излезе дека ти е сосема оправдан - татко ти стварно е посилен од тебе, и тоа на која возраст сакаш споредувај се.

Никој не ми верува дека ништо не знаев

Брунхилда Помсел работела во срцето на нацистичката пропагандна машинерија. Во интервју по премиерата на документарец за нејзиниот живот, таа тврди дека нејзиниот шеф, Гебелс, ни од далеку не бил чудовиште, а неговите вработени не знаеле за холокаустот.

На денешен ден не умре Елвис Присли

Да, попрецизно е Пресли наместо Присли ама така го имаме завикано. И да, попрецизно е да се каже дека на денешен во 1977 година Кралот умре, на 42 годишна возраст. Само што не ни се верува. 

Хилари, лажната алтернатива на Трамп

Во анализа за Њујорк тајмс, Дејвид Брукс објаснува дека поранешната прва дама не ги привлекува гласачите пред се заради својот темперамент, односно дека е постојано опседната со својата кариера и и' недостасува животна радост. Џон Мекартур во колумната за Ле монд дипломатик објаснува дека тоа е најмалку важното нешто што може да се каже за Хилари.

Винските екстремисти на Франција

Во време кога има позаканувачки и депресивно поконзистентни типови тероризам, не многу луѓе ќе се потресат од екстремистичка група составена од француски винари, кои во својот поход за заштита на француското вино уништуваат канцеларии или истураат илјадници тони увозно вино. Без разлика, тие постојат и се водат како ЦРАВ (Comité Régional d’Action Viticole).

Исланд ќе добие мандатар пират?

Мнозинството аналитичари со сигурност предвидуваат дека на предвремените избори во Исланд, околу една третина од гласовите ќе добијат радикалните демократи - се залагаат за легализирање на дрогите и давање азил на Сноуден - кои локално се собрани во Пиратската партија на Исланд.

Климата само прави да биде бетер

Иако на краток рок спречува да бидете подвижна виледа, на долг рок зависноста од клима уредите не само што го прави светот потопол, туку и ја намалува вашата способност да се справите со топлото време.

На што сè треба научниците да трошат време поради глупи луѓе

Контреилс, траги од кондензација, се линеарни облаци што се формираат кога авионите летаат во горните делови од атмосферата. Кемтреилс се доказ за постоење на масовна владина програма за распрскување на хемикалии заради контрола и инженеринг на човештвото. Нормално дека научниците ќе се прават наудрени за ова второто.

Казно моја, прејди на друг

Ако интернет-провајдерите почнуваат да плаќаат милионски суми за отштета затоа што нивни корисници симнувале пиратки, колку време ќе пројде додека - за да се заштитат самите - тие не почнат да се мешаат во сè што корисниците прават на интернет?

Добро радио автомобилски врати отвора

Во милиони коли од марки како Фолскваген, Ауди, Сеат или Шкода што се продадени последниве 20 години може лесно да се влезе со помош на стар радиокасетофон. Фолскваген признава дека имаат проблем. 

Жени во миничи не стануваат бомбаши-самоубијци

Прво владата на Киргистан почна со кампања за разубедување на жените од носење муслиманска облека, а кога дел од муслиманите во земјата (кои сочинуваат 80% од населението) се крена против кампањата, претседателот Атамбајев порача - покажете ми жена-самоубиец во минисукња.

Олимпијадата ќе ги храни сиромашните

Масимо Ботура води ресторан со три Мишелин ѕвезди во Италија, Дејвид Херц е шеф и предводник на бразилското движење за социјална гастрономија, двајцата си поставија задача да создаваат 5.000 оброци храна на ден за сиромашните од остатоците од храна од 11-те илјади спортисти во Олимпиското село.