На што сè треба научниците да трошат време поради глупи луѓе

Контреилс, траги од кондензација, се линеарни облаци што се формираат кога авионите летаат во горните делови од атмосферата. Кемтреилс се доказ за постоење на масовна владина програма за распрскување на хемикалии заради контрола и инженеринг на човештвото. Нормално дека научниците ќе се прават наудрени за ова второто.

Во студија се анкетирани 77 научници, од кои дел се хемичари што проучуваат траги од кондензација, а дел геохемичари што се фокусираат на атмосферска прашина и талог од загадување. 76 од овие 77 научници се согласиле дека не постои тајна владина програма и дека станува збор само за обични облаци (без разлика што тврди Кајли Џенер).

„Сакавме да утврдиме научен став на темата масовна тајна програма за атмосферско распрскување, за оној дел од јавноста што сѐ уште се нема одлучено околу темата. Експертите што ги анкетиравме одлучно ги отфрлија фотографиите од кемтреилс и резултатите од тестовите како доказ за постоење на масовна атмосферска завера“, пишува Стивен Дејвис од Универзитетот Калифорнија, Ирвин.

Како и што самите научници очекуваат, ако си уверен во постоењето на кемтреилс, студијата нема да има некое големо влијание врз тебе затоа што секој пат постои можност владата да ги поткупила научниците. За останатите, трагите од кондензација се појавуваат бидејќи пареата од издувот на авионите на големи височини инстантно се кристализира во мраз.

15 август 2016 - 10:56