Исланд ќе добие мандатар пират?

Мнозинството аналитичари со сигурност предвидуваат дека на предвремените избори во Исланд, околу една третина од гласовите ќе добијат радикалните демократи - се залагаат за легализирање на дрогите и давање азил на Сноуден - кои локално се собрани во Пиратската партија на Исланд.

Партијата се очекува да собере меѓу 18 и 20 пратеници, а како дел од својата кампања за привлекување на младите гласачи тие успеаа да ја натераат компанијата што го создаде Покемон Го да ги претвори сите гласачки места во Исланд во Покестоп.

Изборите ќе бидат кон крајот на октомври, најверојатно на 29, и следуваат откако Панама документите покажаа дека претходниот премиер имал милиони евра семејни пари на офшор сметки. На анкетите за Пиратската партија се изјасниле 28,3% од испитаниците, што е 4% повеќе од нејзиниот најблизок ривал, конзервативната Партија за независност.

На изборите во 2013, исландските пирати освоија 5% од гласовите, кои им донесоа 3 од вкупно 63 места во парламентот на земјата. Од партијата порачуваат дека тие се подготвени да коалицираат со која било партија што е подготвена да се согласи со нивната агенда за "фундаментална промена на системот."

Меѓу мерките на Пиратите е "неограниченото право" на граѓаните да учествуваат во носењето политички одлуки, да ги предлагаат и гласаат на референдум, декриминализирање на дрогите, зголемување на даноците за богатите, реформа на авторските права и борба за поголеми интернет слободи.

15 август 2016 - 15:20