Американската НОАА (National Oceanic and Atmospheric Administration) објави дека јули е најтоплиот јули што некогаш бил забележан на Земјата, откако почнало собирањето податоци во 1880.
Претходно истите овие, ја објавија истата оваа вест за јуни, кој беше најтоплиот јуни во историјата, а исто беше и со мај, април, март, февруари, јануари 2016, во споредба со кој било идентичен месец во последните над 130 години.
Оваа серија започнува во мај 2015, кој беше најтоплиот мај во историјата, и од тогаш без прекин месец за месец постојано паѓа рекордот за најтопол месец.
Речиси е гарантирано дека 2016 ќе биде запишана како најтопла година на Земјата. Кога ова и официјално ќе се потврди, тоа ќе биде трета година по ред што го соборува рекордот.