Пасторот Тони Перкинс во моментов не е сигурен зошто Господ решил да ја поплави и неговата куќа во она што го опиша како "поплава од библиски пропорции" а неодамна ја погоди Луизијана.
"Допрва ќе видиме што сакал Господ да порача со ова. Јас секојден го поставувам тоа прашање и сигурен сум дека ќе добијам одговор," рече Перкинс по поплавата во која и неговиот дом и црквата која ја раководи биле поплавени а неговото седумчлено семејство се спасувало со кану.
Тој е лидер на една бучна анти-геј групација која сите бељи на светов редовно ги толкува како божја казна што некои луѓе 'скршнале од вистинскиот пат' и слични басми. Перкинс дури и за терористичката експлозија на бостонскиот маратон го обвини сексуалниот либерализам.
Во моментов тој и семејството - со божја помош - живеат во трејлер.