Климата само прави да биде бетер

Иако на краток рок спречува да бидете подвижна виледа, на долг рок зависноста од клима уредите не само што го прави светот потопол, туку и ја намалува вашата способност да се справите со топлото време.

„Како што зависникот од кофеин се налева со кафе, така и колку повеќе си изложен на клима уред, толку повеќе тој ти е неопходен за добро да се чувствуваш“, порачал авторот на Losing Our Cool, Стен Кокс, на предавањето на Њујоршката академија на медицината.

Ова што го зборува Кокс, научниците го нарекуваат „модел на адаптивен комфор“, според кој нашата идеална температура зависи од тоа на каква температура неодамна сме биле изложени.

„Ако искусуваме повеќе топлина, ние може да толерираме повеќе топлина. Па ако надвор е 20 степени, нам најубаво ни е на 20 степени. Меѓутоа додека надвор да стане 32 степени, нам најпријатно би ни било на 26“, објаснува Кокс.

Заклучокот што го вади Њујорк магазин од предавањето на Кокс е: за да се чувствуваш помалку мизерно на горештиниве, ќе ти заврши работа ако малку се испотиш додека си на затворено.

 

 

 

 

15 август 2016 - 13:24