Инспирација им е една слична иницијатива од Италија кога 65 готвачи од цел свет подготвуваа јадења за сиромашните од храна донирана од Светскиот саем во Милано.
"Рефереторио Гастромотива ќе работи само со состојките кои инаку би биле фрлени, како грдо овошје и зеленчук, или јогурт кој ќе биде фрлен за два дена ако не го купиш. Ние се бориме против гладот и сакаме да обезбедиме пристап до добра храна," објаснил Херц.
Планот на Херц е Гастромотива да го продолжи својот социјален бизнис и по завршување на Олимпијадата и Параолимпијадата.