Вести

Во Јапонија плаќаат за друг да даде отказ во нивно име

Во јапонската деловна култура, давањето отказ не едноставо раскинување на деловен однос. Тоа често се доживува како навреда и предавство на довербата и очекувањата на шефовите и колегите. За да избегнат конфликт  и непријатности по таа основа, млади луѓе наоѓаат агенции кои ги плаќаат да го процесираат отказот.  

Кралот е гол ама има полицајци

Црвените линии на извесен Сајмон Бенет, лидер на британската конзервативна партија во градскиот совет на Вулверхемптон, очигледно се исцртани околу критики за модата. Бенет му нагрбачил полиција на 15-годишно момче затоа што го исмејувал неговиот стил на облекување. Малиот го апселе четворица полицајци.

Како вештачката интелигенција ја проценуваа онаа на Трамп

Трамп често се фали со својата интелигенција – легендарни се неговите процени за себе дека е „навистина многу паметен“ и „многу стабилен гениј“, како и фалбите дека беспрекорно ги положил трите когнитивни теста. Седум различни модели на вештачка интелигенција добиле задача да му го измерат умот. Не е за фалење.

Речник

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Рекламите што беа најгледани на Јутјуб во 2017

Рангирањето е компилација од тоа колку некоја реклама е гледана затоа што луѓе сакале да ја гледаат, колку пати била платена како реклама да биде пуштена пред некое видео и колку време луѓето имаат потрошено на нејзе.

Легијата пензионери во магацините на Амазон

Камперфорс е официјалното име за илјадниците (претежно) пензионери со живеалиште во камп-приколки, што работат како сезонски работници во џиновските магацини на Амазон во пикот на шопинг сезоната.

Американски амбасадор до гуша во фејк њуз

Амбасадорот на САД во Холандија, од страна на еден холандски новинар е соочен со некои сопствени изјави во кои отворено и директно шири исламофобија во земјата. Речиси инстантно амбасадорот прибегнува кон моментално водечката американска политичка доктрина - „тоа се лажни вест.“ Ама новинаров има и клип.

Пораст на екстремната сиромаштија во земјата на изобилство

40 милиони Американци живеат во сиромаштија, а според критериумите на ОН, речиси половина од нив во длабока сиромаштија. САД имаат највисока стапка на детска сиромаштија во развиениот свет (25%), постојат луѓе кои живеат со помалку од 2 долари на ден и и згора на сè - Трамп им е претседател.

Нов Зеланд прогласи планина за физичко лице

Светата планина Таранаки во Нов Зеланд е трет географски ентитет во земјата на кого законски му се дадени исти права како и на кој и да е граѓанин на оваа земја. Од поштовање.

Човекот што се мачеше за вие да не морате

Нашиов јунак тргнува да докаже дека во рок од 80 дена можеш од гајда на зачеток да направиш филмски стомачни мускули. Докажува дека не можеш, а целиот подвиг успева „да му го уништи животот.“

Човечката глад за јаглен ќе расте

Како сите му се имаат з'гнато на тоа јагенот, човек да помисли дека само што не дошол денот кога ќе мора под рака да диламе ќумурчиња за скара. Не ќе да е така; надлежните агенции проценуваат дека глобалната побарувачка на јаглен ќе се зголемува и наредните пет години.

Грчките анархисти се посебен вид на човечки ѓубриња

За да покажат колку е штетно да се купува храна од познати глобални и национални брендови припадници на грчка анархистичка група почнаа во храната по супермаркети да вшприцуваат солна киселина.

Најнасилното ривалство во фудбалот, Гробари и Делии

Вајс открија дека Гробари и Делии не се сакаат меѓу себе (до економијата било) и во таа чест одат до Белград да снимаат што се случува за време на „Вечно дерби“.

Биткоинот „блеска“, но златото останува - злато

Дигиталната валута не е поддржана од било што физички. Ако се укине интернетот, сопствениците на биткоинот ќе немаат пристап до нивните средства, а слично е доколку бидат хакирани или ја заборават лозинката. Златото, од друга страна, има одредена инхерентна вредност. Ако ништо друго, од него можат да се направат златни заби.

Наскоро ќе одите на нотар пред да се залапате

Во Шведска законот за силување ќе се промени така што тужениот ќе мора да докажува невиност. Законот практично се сведува на тоа дека ако не се добие експлицитна вербална потврда или демонстрација (како ли па тоа ќе се дефинира?) за желба за секс, една од страните може да тврди дека е силуван/а.

Да, Америка, постои класна борба и штотуку изгубивте

Ваква порака на своите сограѓани им упати еден американски професор за кого е несфатливо што Американците не ни веруваат во класна борба. Ама затоа лесно веруваат во политички приказни дека ќар од некој потег виделе токму тие и нивната класа.  

Јадран го возвраќа ударот

Кој не го памети Јадранот од летните месеци како син, убав и величествен... Бескрајно синило и чисти плажи. Но, доаѓа време кога морето го враќа она што им го должи на на луѓето.

Неочекувани последици од прoчистување на воздухот

Лос Анѓелес со децении мака мачеше со загаден воздух. Мерките за прочистување делуваат, но доведуваат до формирање на нов загадувач за кој не се ни знае како делува на здравјето. 

Во црно вино бактерија нема

Ок, не е црно туку црвено, ама таква е песната. Околу него сè уште има некои мистерии. На пример, се претпоставува дека неговата убоитост кон бактериите се должи на Пх вредноста и концентрацијата на алкохол. Но истражувања покажуваат дека тоа е многу поефикасно од други раствори со иста киселост и алкохол.

Европскиот суд на правдата одлучи: „Убер е такси компанија“

Пресудата би можела да има подалекусежно влијание и да го разниша нецелоsно регулираниот свет на т.н. „гиг економија“, односно оној дел од пазарот на труд во кој луѓето работат како фриленсери, хонорарци или со краткорочни договори

Некој овде не е наш

Не е кромид; Пентагон навистина имал тајна програма за следење НЛО и за неколку години се собрал доста зачудувачки материјал. Човекот кој две години ја водел програмата признава дека често не знаеле што гледаат.

Даночна реформа која богатите ќе ги направи уште побогати

Корпоративната даночна стапка се намалува од 35 на 21 отсто. Семејствата кои заработуваат помалку од 25.000 долари годишно ќе добијат просечно намалување на данокот од 60 долари, додека оние што заработуваат повеќе од 733.000 американски долари ќе платат 51.000 долари помалку.

Најголем проблем на христијанството се христијаните

Само погледнете ја онаа клоака наречена фејсбук. Нема да помине недела а да не разгорат идеи за нечиј линч, нечие бесење на плоштад или сечење јајца. Прилично брутално за луѓе чија вера проповеда милосрдие и љубов.

Кога светот ќе го добие првиот билионер?

Еден од највпечатливите богаташки моменти од годинава е што богатствата на богаташите од реалниот живот, ограничени од пазар, конкуренција, економија, влада, закони и стотици други фактори, ги надминаа богатствата на измислените ликови како Бајо Паторот, Брус Вејн или Смауг, ограничени само од алчноста на фантазијата на нивните автори.

Што стварно сака Путин?

Рускиот претседател успеа да убеди голем број од Американците дека е манипулативен гениј, а всушност тој е само коцкар на кој му се падна голема премија, пишува Џулија Иофи во текстот за Атлантик.

Кодирање од мали нозе

Учењето на кодот им помага на децата да ги унапредат важните когнитивни вештини како критичкото размислување и решавањето на проблеми. А најдборо се учи преку игра.

Лекции за лидерството во скршениот свет

Постои потреба за водачи кои сфаќаат дека лидерството не се наметнува со декрет, туку низ промислено дејствување. Ако тој вакум не го пополнат такви водачи, ќе го пополнат некои сосема поинакви. А празнината во лидерството ја нагризува довербата меѓу државите и нивното население - најголемата причина за масовната миграција изминативе децении.

Во урнатините на меркелизмот

Ерата на Меркел беше карактеризирана од длабокиот копнеж за стабилност. Сепак нејзиниот мандат ја доведе Германија до сегашниот период на нестабилност. Време е да се напушти меркелизмот, пишува Дирк Курбјувајт во едиторијалот на Шпигел.