Програмата почнува пред околу една деценија и првично главната постава е составена од мигранти во камп-приколки. Како последица на финансиската криза, поставата се менува па сега доминираат пензионирани Американци, кои најчесто го изгубиле сите пари во крахот.
Главниот лик во видеото е 73-годишен пензионер (иако тој не признава повеќе од 71 година), кој работи како „собирач“, (низ магацинот треба да ги најде и собере производите што му ги кажува уредот). Неговиот просек на работа е пешачење меѓу 24 и 27 километри на ден.
- Зошто Амазон бира пензионери?
- Затоа што сме добри. Затоа што сме тука заради парите. Обучени сме, не учиме ништо ново, не почнуваме нова кариера, тука сме само за парите.
На ниво на САД секој петти Американец над 65 години се уште работи.