Кодирање од мали нозе

Учењето на кодот им помага на децата да ги унапредат важните когнитивни вештини како критичкото размислување и решавањето на проблеми. А најдборо се учи преку игра.

Повеќето веројатно имаат слушнато за Четвртата индустриска револуција (или Индустрија 4.0) - накусо станува збор за промените кои што ги наметнува информатичката технологија, компјутеризацијата, роботизацијата на производствените процеси, но сè повеќе и на услугите. Сето тоа придонесува за стравување од губење многу работни места – некои порано, некои подоцна.

Аналитичарите проценуваат дека од последиците од ваквиот развој, до 2020 година би можеле да бидат укинати 5 милиони работни места.

Што да се прави во вакви турбулентни времиња? Оние повозрасните се тешат дека нив промените ќе ги одминат. Други, пак, настојуваат да фатат чекор со новите технологии. Што е со младите? Во многу земји, направени се промени во образовниот процес, или тие се насочуваат кон техничките факултети.

За најмладите пак, се погрижија производителите на играчки, кои во духот на новото време, но и поради можноста да дојдат до поголем профит, создадоа играчки кои ги насочуваат децата да учат кодирање, или барем неговите основи.

Њујорк тајмс направи селекција на десетина вакви играчки кои им овозможуваат на децата да навлезат во тајните на кодирањето. Кодирањето, како што пишува весникот, е фундаментална вештина која што децата ја учат во училиште, но тоа е повеќе од само хранење на компјутерите со програми. Учењето на кодот ги учи на важните когнитивни вештини како критичкото размислување и решавањето на проблеми. Со оглед на тоа што кодирањето се насочува од училиштата кон домовите, многу производители на играчки реагираа со соодветни гаџети кои се настојуваат да ја претвораат домашната задача во игра.

Повеќето вакви играчки работат со помош на придружна апликација за да ги учат децата како да ги комбинираат командите што ќе овозможат играчките да генерираат звуци, светла и движења.
Со оглед на информатичката писменост во многу земји, нема да чуди ако ваквите помагала, освен на децата, им помогнат и на повозрасните.
 

 

19 декември 2017 - 14:50