Осум локални маорски племиња, заедно со владата, ќе го делат старателството над планината Таранаки на источниот брег на Северниот остров. Ова е долго очекувано признание на врската на домородното население со за нив светата планина, која ја сметаат за свој предок и „ванау“, или член на семејството. Новиот статус на планината подразбира дека доколку некој ѝ нанесе зло, ќе одговара исто како да повредил физичко лице.
Во владата на Нов Зеланд постои министерство одговорно за правните, политичките и културните права на Маорите. Актуелниот министер, Ендрју Литл, оваа година веќе додели ист таков статус на реката Вангануи. Ова подразбира дека наведените подрачја се под посебна заштита, што стана особено важно откако Лонли планет го прогласи регионот на Таранаки за второто најдобро место за посета минатата година (првото беше Чокуекуирао во Перу). Ваквиот гест се смета и за исправување на неправдите кон Маорите од овој регион, кои тие ги трпеле под британска власт во 19 век.
„Нашето потекло е поврзано со потеклото на универзумот“, изјавил Џерард Алберт кој преговарал за новиот статус на реката Ванагануи, „отттаму, не се сметаме за господари на природниот свет, туку за негов дел“.
Планината Таранаки е 120.000 години стара, и е еден од совршено формираните неактивни вулкани во земјата, кој последен пат еруптирал во 1775 година. Тоа е исто така и најискачуваната планина во Нов Зеланд.
*****
Види и:
Како Нов Зеланд ги користи интернет препораките за поттикување туризам