Реклами во вид на препораки за серии, музика, книги има насекаде, и тие често се надоврзуваат едни на други во стилот „оние што го сакаат Х исто така го сакаат Y". Еден јавен уметнички проект ја користи истата „методологија“, преточувајќи ја во физички знаци кои личат на нешто што го гледате на монитор. Поставени се на клучни локации на новозеландскиот остров Њу Плимут, а препорачуваат реални дестинации во регионот.
На пример билбордот поставен пред грандиозната Маунт Таранаки сугерира дека луѓето на кои им се допаѓа оваа локација исто така ги сакаат и Маунт Кук, изгасениот вулкански врв Уан Три Хил и славната австралиска карпа Улуру. Под сликата на секоја препорака е напишана километражата до секое од местата, слично како што Гугл мапс го покажува растојанието до ресторани и знаменитости.
Уметниците-автори на проектот, Скот Кели и Бен Полкингхорн велат дека нивната цел била луѓето да станат свесни за тоа дека алгоритмите кои стојат зад ваквите препораки влијаат врз секојдневниот живот. „Кој го движи светот?“ - прашуваат тие во соопштението за јавноста издадено по повод проектот. „Колаборативните филтрирачки алгоритми за препораки“ е нивниот одговор.
Претходно: Билборди заменети со фотографии на пејзажите зад нив