Џордан Сајлер не се смета себеси (толку) за уметник, колку за активист. Тој ги заменува билбордите и постерите од кои нè заплиснуваат реклами по автобуски постојки и други јавни површини со свои дела. Причина: рекламите визуелно нè трујат. Нудиме и наш скромен придонес кон неговата акција.