Холандски новинар сака да разговара со американскиот амбасадор за неговата изјава дека во Холандија муслиманите имаат воведено забранети зони, и дека тие гореле коли и политичари. На ова, новиот главен американски дипломат во земјата со леснотија карактеристична за време во кое нема снимки од буквално секој јавен настап, одговара: „тоа е неточна изјава, тоа се лажни вести.“
Новинарот го пушта клипот од 2015, во кој амбасадорот, Пит Хoкстра, до збор ги кажува идентичните зборови што беа наведени пред само неколку секунди. По ова прашањето на новинарот е - „ти ова го нарече лажни вести?“
Тука следува дрско бесрамниот одговор на Хокстра, кој ладнокрвно го гледа новинарот и му враќа: „Не сум го нарекол ова лажни вести, не сум ги употребил денес тие зборови.“ Целата оваа размена се случува во временска рамка од нешто помалку од 50 секунди.