Така, редовно најбогатиот измислен лик на листата на Форбс, Бајо Паторот, со проценето богатство од 65 милијарди долари (нешто малку повеќе од Смауг), е 33 милијарди послаб од најбогатиот човек, Џеф Безос и неговите 98 милијарди долари.
Акциите на Амазон во изминатите 5 години се пораснати за 5 пати, што значи дека ако се продолжи со исто темпо, во следните децении 53-годишниот Безос ќе вреди стотици милијарди долари.
Без разлика дали ќе биде Безос или некој друг, она што е сигурно е дека првиот билионер (1000 милијарди по европски е билион, по американско/англиски е трилион) е гарантирано дека ќе биде машко, имајќи предвид дека во топ 10 од листата на Форбс нема ни едно женско.
Шпекулациите на Оксфам се дека ова би требало да се случи во следните 25 години. Предвидувањето е од јануари годинава, пред сериозниот раст на берзите на САД и Британија, и ветувањето на Трамп за намалување на даноците за најбогатите луѓе на светот. (Моментално најбогатите 0,1% од светската популација поседуваат колку и посиромашните 50% од глобалната популација.)
Проблемот што го забележува Гардијан е дека иако Трамп е првиот богаташ владетел на САД, чиј кабинет има вкупна вредност од 14 милијарди долари, тој не е прв таков случај во светот. Слични примери се Мајкл Блумберг кој една деценија управува со Њујорк, Берлускони кој со години доминира во Италија, и неодамнешниот случај со новиот чешки премиер, кој како еден од најбогатите луѓе во Источна Европа, основа своја партија и победи на парламентарните избори во земјата.
„Од таму, во недостаток на акција, современата геополитика многу наликува на средновековна Европа, кога моќта и богатството беа синоними, а монархот не само што беше доминантна политичка фигура во општеството, туку и најбогат земјопоседник. Како што јавните политики и бизнис интересите се засилуваат еден со друг, овој тренд е речиси сигурен дека ќе продолжи во следните години.
Можеби нема да биде Џеф Безос, меѓутоа кога светот ќе го добие својот прв билионер, има голема веројатност дека многумина од нас нема само да му се воодушевуваме, завидуваме или да го презираме - ние исто така ќе бидеме и владеени од него,“ пишува Том Кембел во текстот за Гардијан.