Вести

Никој нејќе син да крсти Доналд

Да се крсти машко бебе Доналд не е многу популарно во моментов. Новите податоци од Администрацијата за социјални услуги покажуваат дека името го достигнало најниското ниво на популарност во историјата на САД. „Доналд“ денес се наоѓа на 690-тото место по популарност на машки имиња. Ама па може кај тие што чуваат магариња е поинаку.

Скенер каков што досега немало

Midjourney - компанијата за вештачка интелигенција која стана позната по генерирање слики од текстуални инструкции, својот оддел за медицински хардвер го промовираше со демонстрација на  функционален прототип на скенер за цело тело, различен од сè што некогаш постоело. Ве потопуваат во вода и после една минута сè е јасно за вашите органи, ткива, крвни садови, коски, мускули и распределба на масти.

Гугл предупредил луѓе за земјотресот во Венецуела

Милиони луѓе во Венецуела на своите андроид телефони добиле предупредување од Гугл непосредно пред да ги погоди катастрофалниот земјотрес во кој настрадаа стотици ако не и илјадници луѓе. Предупредувањето дошло само неколку секунди пред земјотресот. Можеби не секогаш доволно да се спаси жива глава но доволно за да се постави старото прашање: може ли технологијата да нè спаси?

Речник

Британци добиваат наредби да ги извадат климите од дома

Британија спроведува амбициозна и ригидна политика на нето нула емисии согласно која клима уредите се само за во крајна нужда, откако ќе се исцрпат сите други методи за „пасивно ладење.“ Замислете на топлово да ви дојдат дома инспектори од општина и да ви кажат дека не е убаво што ви работи климата. Колку бенефициран стаж треба да добијат преживеаните инспектори?

Крајот на трансатлантизмот

Актуелната криза меѓу Европа и САД означува крај на една ера. Без оглед на тоа кој ќе го наследи Доналд Трамп, никој нема да дојде во Европа и да каже „Америка се врати!“. Врските изградени врз специфични глобални карактеристики се прекинати. Со трансатлантизмот е завршено како идеологија, но тоа не значи дека Европа и САД по бурниот развод не можат да останат пријатели.

Мета сака да отвори кладилница за своите 3 милијарди корисници

Газдата на Мета сака да се вклучи во бизнисот на пазари за предвидување што им донесе многу пари на Полимаркет и Калши. Платформата „Арена“ на Марк Закерберг би била одвоена од Фејсбук и Инстаграм, но би ги опфатила нивните 3 милијарди корисници. Во почетокот ќе може да се кладат со „дигитални жетони“, со план потоа системот да се префрли на вистински пари.

Белгија станува нарко-држава

Трговијата и дилањето дрога во Белгија повеќе не е класичен криминален проблем. Нарко-бизнисот прерасна во организирана закана што ги поткопува државните институции, предупредува во отворено писмо судијка од Антверпен. По улиците на Брисел се пука, масовно се поткупуваат цариници, дури и судии, а киднапирања и бомбашки напади може да се нарачаат преку Снепчет.

Википедија влече накај воукипедија

Најголемата онлајн енциклопедија во светот прераснува во бастион на „будноста“. Ова го вели никој друг, туку нејзиниот коосновач Лари Сангер, кој ја критикува Википедија за либерална пристрасност, наместо да ја штити неутралноста и да им нуди енциклопедиски факти на корисниците. Бара укинување на „црните листи“ за извори и темелна ревизија на содржината. 

ББЦ: Кој не сака во транс-тоалети, нека работи од дома

Британската радиодифузна корпорација им дозволува на вработени жени да работат од дома ако и пречи политиката за заеднички тоалети. Иако уште во април Врховниот суд пресуди дека трансродовите жени не се жени, ББЦ дозволува биолошки мажи да користат женски тоалети, соблекувални и тушеви. Вели дека ќе ја промени политиката само ако добие упатство од владата.

Музиката помага да се спречи деменција

Музиката со векови наназад се користи како терапија за смирување. Ново истражување покажува слушањето музика или свирењето инструмент може значително го намали ризикот од развој на деменција кај луѓе на возраст над 70 години. Не се експериментирало со музички стилови, но се препорачуваат мелодии што асоцираат на моменти од младоста.

Судија е ризична професија во Америка

Американските судии, во голема мера, се пристојни и совесни. Соочени со кршење на законите од страна на извршната власт, тие се чувствуваат должни да ѝ се спротивстават. Но, тоа бара храброст овие денови. Според Службата за маршали на САД, која го обезбедува судството, 395 судии добиле закани оваа година. Ваквите закани доаѓаат и од левицата и од десницата.

Само она што го кажува државата е точно, сè друго е дезинформација!

Германија наскоро може да добие Министерство за вистина. Највисокиот граѓански суд во Берлин пресуди дека онлајн платформи имаат право да бришат објави што соодветствуваат на ставовите на меѓународните организации или на владата, без оглед дали се вистинити или не. Државата се прогласува за непогрешлива, а спротивставените мислења се „дезинформации“.

Марио Драги: ЕУ да се престрои во федерација со повеќе брзини

Европската Унија во оваа форма не е способна да се соочи со предизвиците од променетиот светски поредок, предупредува влијателниот банкар и поранешен премиер Марио Драги. Како излез од длабоката криза, тој бара од ЕУ да премине кон „прагматичен федерализам“ – да се реформира од темел и да овозможи внатрешни здружувања на земји околу заеднички интереси.

Шумите се здрави и живи

Песимистичките сценарија на климатските активисти заради влијание врз политиката не ги поштедија ни шумите. Истражување во кое се тврди дека се двојно се зголемил бројот на екстремни пожари предизвика лавина од статии дека „планета е во пламен“ или дека „се движиме кон глобален пекол“. Сега се покажува дека студијата била погрешна. Дивите пожари всушност се намалиле.

САД нудат 19 тони плутониум за нови атомски централи

САД ги отвораат резервите на критични материјали за да поттикнат изградба на повеќе нуклеарни реактори. Бајден лани забрани увоз на руски ураниум, па администрацијата на Трамп сега ги отвора државните нуклеарни отпади, во кои има 19 тони плутониум од стари атомски бомби. Меѓу заинтересираните е и компанија на Сем Алтман. Мега-центрите за ВИ мора да се хранат со струја.

Трамп тргнува против Венецуела

Според доктрината на Трамп, безбедноста започнува дома. Кога корумпирани лидери ја загрозуваат стабилноста на САД, тие мора да бидат принудени или да го променат своето однесување или да бидат сменети. Која е поентата да се биде суперсила ако не можете да ги спречите соседите да внесуваат смртоносни дроги и нелегални мигранти преку вашите граници?

Со дожд од опасна хемија го чистат воздухот во Делхи

Властите во Делхи почнаа да сеат облаци за да предизвикаат вештачки дожд што би го прочистил воздухот во најзагадениот град во светот. Првото прскање било вчера, а дождот се очекува до среда. Експерти предупредуваат дека оваа техника нема да го расчисти воздухот, а никој сè уште не знае каква штета може да направат хемикалиите кога ќе паднат од облаците.

Украина може да здивне: ЕУ забрани увоз на руски ВЦ шолји

Колку и да се трудеше да биде сериозен, како што му личи на претседател што коментира санкции против неговата земја, Путин не издржа да не ја трола Европската Унија, која во новите санкции за Русија забрани и увоз на ВЦ шољи. Да потсетиме, ако заборавил Брисел, целта на санкциите беше да се притисне руската воена и економска машина за да запре војната во Украина.

Швајцарија казнува за омраза кон „трансродови скелети“

Во декември, Емануел Брунишолц од Швајцарија ќе замине на отслужување на затворската казна. Неговиот злостор? Споделил една научна вистина дека скелетите не можат да бидат трансродови. Му било кажано дека тоа е говор на омраза. 

И да не ви симнат килограми, инјекциите за слабеење штитат од срцев удар

Придобивките од инјекциите за слабеење Вегови и Оземпик се многу поголеми од нивната оригинална намена. Според ново истражување, тие значително го намалуваат ризикот од срцев или мозочен удар кај корисниците, без оглед дали воопшто ќе им ја намалат тежината. Најголем позитивен ефект врз здравјето на срцето имало топењето на маснотиите во стомакот.

Белгискиот премиер го спречи лудиот грабеж на руски милијарди

Лидерите на ЕУ беа наострени да ги запленат 140-те милијарди евра што ѝ ги замрзнаа на Русија за да ѝ ги дадат на Украина. На Киев му ветија многу пари, а немаат доволно свои. Белгискиот премиер сам го спречи овој луд грабеж. Руските пари се чуваат во неговата земја. Ако Москва си ги побара милијардите, ЕУ може да се прави наудрена, па Белгија ќе мора да ги врати.

Од играње со природата може да ни се стемни

Разните геоинженерски проекти за спречување на глобалното затоплување се многу поризични во реалноста отколку што покажуваат компјутерските моделирања. Тие се само теорија. Во практика постои голема веројатност да излезат од контрола, па не само што Земјата нема значително да се олади, туку може да претрпи катастрофа поголема од климатските промени.

Седата коса можеби е знак за добра одбрана од рак

Побелената коса е белег на стареење, но не е само тоа. Може да биде и поволен знак за биолошки процес во телото кој го намалува ризикот од развој на рак. Јапонски истражувачи забележале врска помеѓу седите влакна и меланоми. И едните и другите ги создаваат матични клетки, кои на различен начин реагираат на оштетувања на ДНК под влијание на стрес.

„Економист“: Легализирајте го кокаинот!

Магазинот „Економист“ побара легализација на кокаинот како најефикасен начин да се намалат криминалот, убиствата и корупцијата. Тоа би ги смирило пресметките за профит меѓу нарко-бандите, кои на корисниците им го продаваат кокаинот по цена 120 пати повисока од производствената. Потрошувачите би добиле побезбедна дрога со строго контролиран квалитет.

Бразил скапо го кошта Нетфликс

Нетфликс таман да го прогласи последниот квартал за рекорден по приход од претплати и реклами и да се пофали дека ги надминал и најоптимистичките прогнози за раст, стигна есапот од даночниот спор што го имаат со бразилските даночни власти - 619 милиони долари. По објавувањето на оваа вест, акциите на Нетфликс паднаа додека си стиснал „Skip Intro.“

Џамбо возови на два ката под Ла Манш

Железничкиот транспортер Еуростар постигна договор од 2 милијарди евра со Алстом за купување  најмодерни двокатни возови што ќе поминуваат низ тунелот под Ла Манш. Со нив ќе биде проширена железничката мрежа од Лондон со линии до Женева и до Франкфурт. Двокатните возови собираат 20% повеќе патници, трошат 30% помалку ененергија и помалку загадуваат.

Зошто времето тече побргу со текот на годините?

Научниците веруваат дека се поблиску до разбирањето зошто времето изгледа дека минува побрзо како што старееме. Во тоа им помогнале скенирања на мозокот на луѓе кои гледале стара серија на Алфред Хичкок. А уште држи и идејата за внатрешниот часовник: 365 дена за едно петгодишно дете се цели 20 посто од неговиот живот. За еден 50 годишник, истиот број денови се само 2%.

Силување девојче ги крена Ирците против мигрантите

Разгневени од силување на десетгодишно девојче под државна грижа во Даблин од страна на имигрант, демонстранти ги нападнаа полициските кордони што го штитеа хотелот пренаменет во центар за азиланти. Дваесет и шест годишниот маж што го нападнал девојчето бил имигрант на кој му било одбиено барањето за азил и наскоро требало да биде депортиран.

На интернет има повеќе содржини од ботови отколку од луѓе

Нема ни три години откако ЧетГПТ се појави на интернет и од тогаш само пишува, пишува, пишува... И многу други четботи по него. За две години јазичните модели со вештачка интелигенција се изедначиле со луѓето во продукцијата, а сега имаат објавено онлајн повеќе содржини отколку сите луѓе заедно. Овој тренд ненадејно запрел и неколку месеци сме изедначени.

Клима 2024: Без паника

Иако изминатата година беше најтоплата откако се мери температурата, нема причини за паничење и прогнози за глобални катастрофи. Климата си е во ред. Од зголемувањето на нивото на морето до обемот на морскиот мраз, снегот и дождовите, набљудувањата покажуваат дека глобалните климатски трендови остануваат во границите на нормалните природни варијации.