Функционер на ЕУ тајно организирал отпор против Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан упорно ги блокира напорите на ЕУ да ја продолжат војната во Украина или да ги грабнат замрзнатите руските милијарди. Затоа не се големо изненадување протечените документи што сведочат дека висок функционер во Брисел со години тајно планирал операција за отстранување од власт на Орбан и неговата партија Фидес.

Мартон Бенедек, меѓународниот координатор на Генералниот директорат на ЕУ за миграција и внатрешни работи, уште во јануари 2019 година составил проект за организирање отпор против „режимот на Орбан“, покажуваат протечени документи. 

Повод за планот на Бенедек биле демонстрациите во Унгарија како реакција на предлог-законот за прекувремена работа. Тој предложил да се искористи отпорот кон таканаречениот „закон за ропство“ и да се соберат противниците на Орбан во единствено политичко движење, за да се соборат од власт премиерот и партијата Фидес, кои со правото на вето го спречуваа понатамошното проширување на блокот, на големо разочарување на Брисел.

 Законот за ропство присили мала група од околу 30 политички, синдикални и граѓански лидери да ги координираат своите активности, да се договорат за цели и принципи на финансирање и заеднички да планираат идни активности. Ова доведе до создавање на ад хок координативен форум... кој со текот на времето може да се развие во почетно политичко координативно тело што би можело веродостојно да го оспори владеењето на Орбан, заклучил Бенедек.

Во „Координативниот форум“ биле вклучени разни невладини организации, од кои повеќето добиваа средства од фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос. Фондацијата ја премести во Берлин својата унгарска канцеларија во април 2018 година, откако владата на Орбан презеде мерки за ограничување на активностите и влијанието на невладините организации финансирани од странство. Активностите на Отворено општество во Будимпешта оттогаш се строго чувана тајна. Најновите достапни бројки покажуваат дека операцијата на Сорос за промена на режимот потрошила 8,9 милиони долари во Унгарија само во 2021 година.

Во документот, Бенедек предложил идеи за трансформирање на координативниот форум во моќен ентитет способен за планирање и спроведување колективна акција“ пред изборите во Унгарија во 2019 и 2022 година и ја нагласил потребата од засилено финансирање. Меѓу „предложените насоки на дејствување“ било и создавање „непрофитен ентитет, регистриран во Унгарија за оперативни активности, и финансиски извор потенцијално регистриран во Австрија“. Операцијата би вклучувала информативни кампањи, мобилизација, изборни дебати и заеднички активности за собирање средства. Конечната цел била да се создаде влада во сенка, која би можела да ја преземе власта.

На подолг рок, предложениот непрофитен субјект би можел да развие политичките темели на обединет политички фронт против режимот на Орбан, забележал Бенедек во документот.

Бенедек претходно со години бил лично вклучен во политички активизам против Орбан, додека извршувал високи функции за проширувањето на блокот и односите со кандидатите. Тој го водел дијалогот на Европската комисија за либерализација на визите со Косово, ги надгледувал реформите за владеење на правото во Западен Балкан и ги координирал политиките за внатрешна безбедност на ЕУ.

Во октомври 2012 година бил коосновач на прогресивната партија Еѓут (Заедно), со платформа да ги поништени сите реформи спроведени од Фидес. И покрај почетното големо внимание од медиумите како опозициски субјект во Унгарија, партијата претрпе очаен неуспех. Откако беше отфрлена од опозициската десница, таа формираше коалиција со квартет од зелени, либерални и социјалдемократски партии. Ова беше доволно за само три пратенички места во 2014 година. На следните избори освои само еден пратеник, кој веднаш се префрли во друга партија. 

Освен за партискиот неуспех, Бенедек во тоа време морал да се оправдува и за обвинувањата за профитирање на неговото семејство додека тој примал висока плата како функционер на ЕУ а во исто време е и лидер на партија во Унгарија. Според правилата, државните службеници на ЕУ треба да бидат непристрасни и политички неутрални. Службениците мора да ги пријават сите лични или политички интереси што би можеле да ја загрозат нивната независност и да добијат дозвола од претпоставените пред да се вклучат во надворешна активност.

14 јануари 2026 - 08:39