Аи Вејвеј е најпознатиот уметник од Кина. Пред да ја напушти државата и да замине во германски егзил во 2015 година, бил во домашен притвор. Во 2011 година, бил држен во ќелија на непозната локација речиси три месеци. Во 2018 година, неговото студио во близина на Пекинг било уништено по наредба на властите.
Детството го поминал со својот татко, поетот Аи Квинг. Првично ценет од Мао Це Тунг, поетот бил прогласен за „десничар“ веднаш по раѓањето на Аи Вејвеј во 1957 година и бил протеран од Пекинг во оддалечена провинција.

Сега Аи Вејвеј се врати во Кина за прв пат од 2015 година. Неколку поенти од неговото интервју за Берлинер Цајтунг:
Го опишува чувството дека во Пекинг бил како „скршено парче жад што одново совршено се составува“ и не чувствувал страв да се врати во земјата.
Вели дека секојдневните тешкотии во Европа (каде што живее последните 10 години) се „барем десет пати“ поголеми од оние во Кина и за тоа првенствено ја критикува европската бирократија.
На пример, во Пекинг ја реактивирал својата неактивна кинеска банкарска сметка (на која имал „“значителна сум на пари“) за само неколку минути и го споредува ова со своето искуство во Европа. Во Германија, банкарските сметки двапати му биле затворани. Не само неговите туку и на на девојка му. Во Швајцарија, му било одбиено барањето да отвори сметка во најголемата банка во земјата, а друга банка подоцна му ја затворила сметката кај нив. „Исклучително комплицирани и честопати ирационални процеси.“
Во однос на политичката клима, „секојдневниот живот за обичните луѓе во Пекинг се чини поприроден и похуман“ отколку во Германија, која „се чини ладна, рационална и длабоко бирократска“.
„Поединец се чувствува ограничено и несигурно иако луѓето веруваат дека живеат во супериорен свет“. Вели дека за десет години како што живее во Германија, никој досега не го поканил на гости дома. „Материјалниот комфор не значи дека човечноста и човечките вредности ќе победат.“

- Дали таму често се зборува за царинските тарифи на Трамп?
Кинезите не обрнуваат многу внимание на тоа бидејќи очигледно е апсурдно и спротивно на основните принципи на капитализмот и слободната конкуренција. Исто така таа политика не се чини како премногу паметна бидејќи на крајот, американските даночни обврзници ќе мора да го понесат товарот. Кинезите не веруваат дека САД ќе можат да се справат со консеквенците од таквата тарифна политика. Кинезите имаат свој начин на живот. Со помалку или со повеќе, секогаш успеваат да се справат со предизвиците.
- Како се гледа на Германија?
Како на несигурна и неслободна земја која се мачи да го најде своето место меѓу историјата и иднината. Иако Германија тврди дека има голема самодоверба, германското општество има проблеми во авто-реализацијата. Кинезите ѝи се восхитуваат на Алис Вајдел. Таа веројатно е единствената личност која ја познаваат и ја почитуваат. Така е заради нејзините конекции со Кина, нејзиниот престој таму и нејзината способност јасно да ги изрази своите ставови како политичар.
- Свесни ли се Кинезите за нивната сè поголема улога во светот?
Кинезите не се опседнати со нивната улога во светот. Но, важно им е што излегоа од понижувањата и подреденоста во минатото. Денес првенствено се посветени на подобрувањето на нивните животи.
Кина никогаш не била земја која сакала експанзија, но никогаш нема да направи компромис кога се работи за достоинството и националното чувство на нејзините луѓе.