Цел на програмата America First Global Health Strategy е да го зголеми мекото влијание на САД во земјите во развој, особено во Африка, и воедно да ги штити виталните американски интереси.
Предвидено е во следните пет години да бидат дистрибуирани вкупно 11 милијарди долари помош до странски влади, кои прифатиле да вложат уште 12,2 милијарди во идентични проекти и гарантираат дека ќе ги исполнат целите. Парите ќе бидат испраќани директно до владите, здравствените организации и производители на лекови.
Државниот секретар Марко Рубио веќе потпишал 15 договори со африкански земји за проекти за подобрување на нивните здравствени системи, со акцент на борба против ХИВ/СИДА, маларија, туберкулоза и за грижа за мајките. Стејт департментот има цел во следните неколку месеци да ја прошири програмата на 50 земји.
Новиот систем ќе го замени индустрискиот комплекс на невладини организации, кој пренасочуваше 70% од американските пари кон посредници и бирократи, вели Рубио.
Потсекретарот за странска помош Џереми Левин додаде дека веќе укинатиот УСАИД изградил паралелен систем на здравствена заштита. Бил постигнат одреден напредок, но тој запрел, не изградил одржливост и не поттикнал самодоверба.

УСАИД поттикнуваше неоколонијален начин на размислување од типот „Белиот човек мора да го стори тоа“. Новиот план ќе направи повеќе за да им помогне на земјите во развој да изградат сопствен капацитет за здравствена заштита... Ќе им дадеме пристап до иновативни американски лекови. Ќе им дадеме пристап до стоки, антиретровирусни лекови, дијагностички комплети и мрежи за маларија преку групни набавки, порача Левин.
Критичари изразија загриженост дека оваа иницијатива може да се покаже како „рецепт за корупција“.
Немаат капацитет, а нивото на корупција е толку високо што парите ќе исчезнат, предупреди Ендрју Нациос, републиканец кој беше на челото на УСАИД под претседателот Џорџ В. Буш.
Левин одговара дека независни ревизори од трети страни ќе го следат текот на парите за да откријат и да спречат измами и злоупотреби. УСАИД беше укинат од Трамп токму поради злоупотребите и расипничкото расфрлање пари.
******
Види и: Досие УСАИД: Многу пари, многу скандали
Темната вистина зад УСАИД
Медиумската империја на УСАИД