Медиумската империја на УСАИД

Викиликс обелодени дека УСАИД има уфрлено речиси половина милијарда долари со кои  финансирале 4.291 медиум ширум светот кои во една година произведувале по 4.799 часа програма што допрела до 778 милиони луѓе. Попат, имаат тренирано (дресирано?) преку 9.000 новинари. Со таква армија на располагање станува јасно - парите на УСАИД не беа да се нахранат гладните туку да се нахрани наративот пожелен за Вашингтон.

Од своето основање во 1961 година, УСАИД ја градат приказната за САД како поголемиот брат, добронамерен, со мускули и полни џепови пари кој ќе помогне во секоја беља и против секој непријател. 

Агенцијата дебело финансира медиумски организации со наратив дека ја промовираат нивната независност, но кога медиумите кои добиваат грантови од УСАИД ќе почнат папагалски да ги повторуваат поентите на Вашингтон за Украина, Иран, Мијанмар или Макеоднија, точките сами се поврзуваат. 

Апологетите на на УСАИД ќе ви кажат дека без американските долари кои ги поддржуваат овие вистинољубиви новинари, самата демократија би се урнала. Звучи благородно - додека не помислите што се случува со проектите кога ќе заврши финансирањето. Ги нема. А поентата на таквите финансирања е нешто да остане во локалниот медиумски пејсаж откако ќе им се помогне да застанат на нозе. А не да згаснат во првиот ден кога ќе заврши грантот. 

Откако медиуми и НВО-а, од Киев до Скопје, се соочија со секната инфузија, се виде колку тоа новинарство финансирано од УСАИД е независно како што се рекламира. Ако овие организации навистина беа слободни и самоодржливи, немаше да пиштат секогаш кога чичко Сем ќе го прибереше својот паричник.

Замрзнувањето на парите од УСАИД на површина извади едно непријатно прашање: Дали иницијативите за развој на медиумите треба да зависат од финансирањето на американската влада? Ако независното новинарство е толку критично за демократијата, зарем не треба да биде, хмм, независно?

Кризата на УСАИД ја открива вековната вистина: американската странска помош ретко била за добротворни цели. Се работи за влијание. Трамп ја тргна завесата, откривајќи колку се испреплетени американските долари со самиот опстанок на медиумските мрежи ширум светот.

Без разлика дали се работи за обука на новинари во Централна Азија или Македонија, поддршка на редакции во Грузија или финансирање на истражувачко репортерство во Централна Америка, агенцијата вложи милиони во обликувањето на глобалните наративи. 

„И додека апологетите ќе инсистираат дека сето ова е поврзано со слободата на медиумите, реалноста е дека инвестициите на УСАИД идеално се усогласуваат со стратешките интереси на САД“, пишува Кристина Маас во Reclaim the Net.

Финансирањето на УСАИД не медиумите е мастерклас по дипломатска гимнастика, вели таа.

 

9 февруари 2025 - 11:11