Вести

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Речник

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Се трудам да бидам злопамтило

Еден од највлијателните писатели на балканските простори открива која книга би сакал тој да ја има напишано, зошто ги сака првите филмови на Кустурица и кого не би викнал на вечера. Јерговиќ е мрзоволен, пцуе редовно, навива за Железничар а ги симпатизира Ливерпул и Барселона.

Најмалку ќе те одбијат ако им дозволиш да те одбијат

Научна анализа на 42 различни студии вели дека потои една техника од само три збора која двојно ги зголемува шансите да се добие позитивен одговор на некое барање или молба за помош. Уште нема студија за нашиот проблем, кога галантно ќе ти кажат „да“ ама веднаш ќе те заборават.

Трамп е напизден, речиси на сите

Овој цитат на еден советник на американскиот претседател го пренесоа речиси сите американски медиуми, кршејќи ги сопствените правила за забрана на пцости. Велат дека за само десет дена, од победник, Трамп се има претворено во губитник и дека ако досега сме го виделе збеснат, допрва претстои вистинското шоу.

Русија го изгуби Интерпол

Се очекуваше рускиот кандидат да го земе претседателствувањето со Интерпол и да го замени кинескиот шеф на ова тело кој лани едно време исчезна. Но, американската коалиција издејствува друг претседател. Косово одбиено по четврти пат.

На патиштата се гине од поспаност

Науката бара од прозиводителите на автомобили посериозно да работat на еден проблем заради кој масовно се гине зад воланот и околу него. Вибрациите на колата кои тераат на спиење.

Во САД расте бројот на вештер(к)и

Логиката е отприлика ваква: на луѓето им е потребно да веруваат дека постои нешто што раководи со нивните животи и им дава смисла. Оддалечувањето од доминантните религии не значи дека оваа потреба згаснала, туку само дека таа ќе си најде нови патишта.

Политичарите сакаат да го понижат Фејсбук, ама не и да го регулираат

Луѓето задолжени за пишување на законите објаснуваат дека не постои природен притисок од гласачите за регулирање на Фејсбук, Амазон, Елп, Нетфликс, Гугл и слични, никој не им кенка за наметнување на повеќе правила и ограничување на истите.

Предизборниот потег на Трамп од 200 милиони долари на државна сметка

Како што се движеше караванот од Латинска Америка кон САД така еволуираа и заговорите што Трамп ги ширеше околу него. Зовриената само-создадена паника на крај кулминираше со распоредување на 6.000 американски војници (повеќе отколку што моментално имаат во Ирак) на границата со Мексико.

Гугл њуз и се заканува на ЕУ со гасење ако биде воведен данокот на линкови

Логиката на ЕУ е ако веќе правиш пари од туѓ труд без ниту еден ред твоја содржина, тогаш треба да им платиш нешто на тие на чиј грб се богатиш. Ваква логика не им се допаѓа на луѓето од агрегаторот за вести на Гугл, Гугл њуз.

Село Шишкаво, Италија

Во едно италијанско село со вкупно 120 жители, ставиле камера со мерач на брзина за да видат како тоа се вози низ главната улица на селото. За две недели биле регистрирани 58.000 пречекорувања на брзината. 

Луѓе присилно се иселуваат заради загадување на воздухот

Загадувањето од дизел возилата го спречува развојот на белите дробови кај децата со што тие доживотно се осакатуваат, покажува истражување во кое учествуваат 2000 ученици од Лондон. И ова е паника во Лондон, чиј проблем со квалитетот на воздухот не е ни приближен до тукашната жабокречина што се дише.

Тројца ја контролираат светската цена на нафтата

ОПЕК ја загуби и онаа контрола врз пазарот на нафта што ја имаше. Постапките (или твитовите) на тројца мажи - претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, и принцот престолонаследник Мухамед бин Салман - ќе го утврдат курсот на цената на нафтата во 2019 и понатаму. Но сите сакаат различни работи од него.

Шведска 'има добиено' нова дебата

Скандинавската земја деновиве е окупирана со дебата околу најновата иницијатива за создавање „менструално-френдли“ работни места. Ние крв ќе проплукаме додека дојдеме до такви теми.

Скандалот Бил Клинтон - Моника Левински, според Моника Левински

Во досега најопсежното експозе на темата Моника Левински комплетно под свои услови, како човечко суштество кое на свој грб ги почувствува сите неправди и трауми, а не спотер за туѓи политички пребивања, проговорува за она што пред 20 години се случи со тогашниот претседател на САД.

Грчката секуларизација е лажна

Грчкиот Хелсшинки не може да се изначуди со каква леснотија европските медиуми прогласија победа во нивната повеќедецениска битка за одвојување на црквата од државата. Особено се фрапирани од нивните сестрински невладини кои не ги ни прашале што мислат за темата. 

Крајот на една полициска борба против дрогите

Животна приказна на еден американски полициски офицер кој целиот свој живот го посветува на апсење на луѓе поврзани со дрога. Го прави тоа со несекојдневен жар и посветеност па станува легенда во полициските кругови. Сè додека еден ден не му се јавува ќерка му која е во тинејџерски години и му признава дека е зависничка. Кога ја прашува од каде ѝ пари за дрога бидејќи знае колкав џепарац има, му признава и дека се проституира.

Онаму каде што татко ми возеше точак

Некогаш Крис Корнел со велосипед има разнесувано весници по улиците на Сиетл. Денес тоа го прави неговиот син, во спотот на постхумно објавената песна „Некогаш лошото е за добро“.

Човек не е железара

Пораката е со Попај да не се претерува. Еден од најчестите здравствени проблеми за кои луѓето не се свесни е поврзан со железото во крвта. Ама не со неговиот дефицит.

Танкер - НАТО 1:0

Норвешка си потопи еден свој воен брод под команда на НАТО. Бродот се судрил со нафтен танкер при што тој завршил на дното а танкерот ќе мора некогаш да се фарба бидејќи бил изгребан. На Норвежани не им е јасно како брод наменет за опаки воени ситуации не успеал да избегне едно од најбавните пловила на светот.

Зошто Форд купува фирма за скутери?

Автомобилскиот гигант кој е еден од најстарите симболи на американскиот начин на живот и лежерниот конзумеризам, реши да купи фирма која се занимава со скутери и нивно споделено користење. Автомобилџиите ќе направат сè што треба за кога ќе го спомнете нивниот бренд, да не помислите на ауспух.

Не е сè во компјутерите, освен кога си министер за сајбер-безбедност

Откако беше збунет од УСБ драјв, од немајкаде јапонскиот министер за сајбер-безбедност ја призна најголемата фалинка во своето резиме - никогаш нема користено компјутер.

Пара на пара се лепи, милијарди на Амазон

По година и кусур конкурси, разгледувања, кандидатури и слично, Амазон неделава објави дека новото седиште на компанијата ќе го отвори во Њујорк и во северна Вирџинија, и за овој потег ќе добие државни субвенции во износ од 4,6 милијарди долари. Или: компанијата која чува 8,6 милијарди долари во кеш на оф-шор сметки за да не плати данок во САД и чиј сопственик е најбогатиот човек во светот, од американските даночни обврзници ќе добие на поклон 4,6 милијарди долари затоа што ќе отвори нови канцеларии.

Зошто источната страна на градовите обично е посиромашна од западната?

Пред да ги извадиме нашите локални есапи, натежнати со сопствени математики, фино е да се погледне како проблемот, од кој идентично страдаат и далеку поголеми градови од нашиот, го објаснуваат посериозни истражувања.

Не е само да ставиш златни тавани, треба и да ги реновираш

Само на обновување и крпење на златните тавани, некогаш најскапиот хотел на светот (по градба, не по цена на соба) Емирати палас во Абу Даби, годишно троши 130.000 долари.