Министерот Јошитака Сакурада пред парламентот го објаснува сплетот на околности што довел до тоа тој да нема пипнато тастатура:
„Од 25 години, јас наложувам што треба да работат моите вработени и секретарки, па никогаш лично не сум користел компјутер.“
68-годишниот Сакурада првично е збунет откако е запрашан дали во јапонските нуклеарни капацитети се користат УСБ драјвови.
По целиот резил што му следува, Сакурада се обидува дел од вината да ја префрли на опозициската пратеничка, која претходно му ги нема доставено прашањата што планирала да му ги постави, па тој нема претстава што ќе му се падне на седницата.
На страна технолошката ограниченост, Мурата на пратеничките прашања во Долниот дом има и бисери од типот дека владата ќе плати со само 1.500 јени (13 долари) во подготовките за организацијата на Олимпијадата и Параолимпијадата во 2020. До сега сумата што јапонската влада ја има платено по оваа основа е нешто под 150 милијарди јени.