И пред оваа студија загриженоста на родителите, во град кој од тукашна дистанца изгледа алпски свежо, оди до таму што квалитетот на воздухот станува еден од главните фактори при избирање на училиште за децата, во одредени случаи и поважен од рејтингот на училиштето.
„Неверојатно е што во Британија во 21-от век имате родители кои мора да размислуваат за преселување на своите семејства за да избегаат од нелегално загадениот воздух кој е штетен за нивните деца.
Ова се случува кога имаш влада која е неволна да оддели ресурси и политичка волја за расчистување на она што се претвори во здравствена криза,“ објаснуваат од КлиентЕрт.
Според извештајот што една добротворна организација го испраќа до британскиот министер за транспорт 2.000 државни основни училишта се наоѓаат во најзагадените области во земјата. Истата организација доаѓа и до статистиката дека за 10% од родителите квалитетот на воздухот е главен фактор при избирање училиште.