Песната е насловна и на деновиве објавениот бокс со музика од трагично починатиот Крис Корнел, еден од најмоќните и најубавите вокали на рокенролот на сите времиња.
Комплетот има вкупно 64 песни од целата негова кариера со Soundgarden, Temple Of The Dog и Audioslave како и 11 досега неиздадени нумери.
Кристофер Корнел Јуниор вочи точак и разнесува весници по дождливите улици на Сиетл на кои е распослано наследството на Саундгарден, го посетува Sub Pop Records и други битни места за музиката на неговиот татко.
Вдовицата на Корнел која неколку недели по смртта на нејзиниот сопруг јавно обелодени дека корен на таа трагедија се прелесно препишуваните апчиња против болки и анксиозност (види: Го пореметија апчиња против болки) во меѓувреме реши и да го тужи неговиот матичен лекар Роберт Коблин. Вики Корнел тврди дека за само 20 месеци, Коблин на нејзиниот маж му препишал 940 дози Лоразепам и Оксикодон.
Режисер на спотот е легендарниот Кевин Керслејк:
„Сакав да истакнам еден аспект на талентот на Крис кој често е во сенка на неговите поочигледни доблести (познавањето на гитарата, вокалниот опсег и сценската убедливост) а тоа е дека тој беше еден од најголемите текстописци на целата генерација. И затоа едно едноставно патешествие низ улиците на Сиетл е претворено во еулогија со мистични нијанси“.
Standing beside an open grave
You're fate decided, your life erased
Your final hour has come today
Lit by the fire of your temples burningYou were a child and so was I
Now you're a hunter but I am a lion
And I will cut you down like I've done so many times
But sometimes bad can do some good
Sometimes bad can do some good
Sometimes bad can do some goodAnd I heard you say that flesh sells by the pound
When blood is raining down it cuts a deep river
And I'm divingNow shine a light down onto the earth
And shake this gold dust out, out of the dirt
No saints beside me and no prayers to guide me
Sometimes bad can do some good
Bad can do some good
Sometimes bad can do some goodI've chosen a side and I will show no pity (rain down, heaven is falling)
And spare no lives
For those who try me (rain down, heaven is falling)
Let it be understood
Sometimes bad can do some good (rain down, heaven is falling)
Sometimes bad can do some good (rain down, heaven is falling)
Sometimes bad can do some good