Хотелот има и 2.000 метри квадратни таван прекриен со 22-каратни златни и сребрени листови. Листовите во просек траат меѓу 4 и 5 години, а за покривање на еден метар квадратен се потребни околу 50 листови кои чинат отприлика 100 долари.
Тимот задолжен за одржувањето на луксузот и изгледот на богатство и изобилие дневно стига да замени од 4 до 6 метри квадратни што значи дека троши околу 130.000 долари годишно само на златни листови.
Сето ова се прави крајно претпазливо заради кршливоста на листовите, за кои се користи посебен лепак и има посебна процедура за нанесување. Кога ќе се заврши лепењето реновираниот дел се премачкува со посебна заштита.
Кога се отвора во 2005, Емирати палас накитен со фактура од 3 милијарди долари е најскапиот хотел што до тогаш е изграден. Пример, во ходниците, собите и лобито висат над 1.000 Сваровски лустери.