Хуманистичката Унија на Грција тврди дека владините предлог уставни амандмани за „религиозна неутралност“ како и договорот меѓу владата и грчката православна црква околу платите на поповите нема никаква суштинска врска со нивната наводна цел - одвојување на црквата од државата.
„Збунети сме од начинот на кој кредибилни британски медиуми (Гардијан, БиБиСи, Тајмс) де факто се претворија во спин доктори на грчката влада фабрикувајќи статии со дезинформации околу наводниот прогрес кон секуларизација,“ наведуваат од грчкиот Хелсиншки.
Велат дека особено се шокирани од соопштенијата на нивната сестринска организација од Британија која со огромен ентузијазам ги пренесувала лажните вести потпирајќи се исклучиво на медиумите, без притоа ни да прашаат што мислат за тоа нивните колеги во Грција кои оваа битка ја водат долго време.
Дури и кога на британскиот Хелсиншки му било укажано на погрешниот и заведувачки карактер на нивните соопштенија, тие не ги повлекле по што на грчките секуларисти им изгледа како намерно да сакаат да ги поткопаат напорите да се постигне вистинска секуларизација на Грција а не само да се дотера излогот на државата.
За тоа што бараат тие а што се добива од предлозите на владата на Ципрас - тука.