Хаосот и кршењето на нормите кои тој ги опредизвикува од 2016 година, почнуваат да го гризат Трамп за опашка. Се вклучи дури и првата дама. Трамп е живчан, „напизден“ што гарантира дека работите ќе ги направи уште полоши. Можеби досега го гледавме Трамп како победник но сега го откриваме како лузер. Ама, ако Трамп успеа да го направи ова од себе и од Америка како победник, што ли ќе направи како губтник? Господ нека ни е на помош“, пишува аналитичарот Ѓиво Ѓуровиќ.
Соработниците на Трамп тврдат дека „вакво ниво на лудило претходно немаат видено“. Трамп бил лут, гневен, смрачен, нерасположен до таа мерка што некои велат дека почнал да се дебелее. Причините за мрачното расположение лежат во последните избори на кои Демократите после 8 години повторно ја добија контролата врз Застапничкиот дом на Конгресот, но и во неговите потези после тоа, а сите се покажаа како катастрофални. Меѓу другото, Трамп го смени министерот за правосудство и на негово место постави преварант кој продава машини за патување низ времето.
Потоа отиде во Франција и доби глобално понижување а на крајот го понижи дури и првата дама. Ништо што има направено од минатата среда не е промислено. Беа тоа десет денови на анти-климакс во кои се соочи со реалноста; после собирите на кои ја продаваше својата верзија на стварноста, жестоко го удри вистинската стварност: можно е за десетина денови членови на неговото семејство да завршат в затвор.
„Првите две години можеби беа само затишје пред бура“, пишува Ѓиковиќ правејќи прошетка низ клучните одлуки на Трамп последниве денови, од кои може да се заклучи што може да се очекува од него во иднина.