Има родители кои во моменти на очај прибегнуваат кон кратко возење со кола за да заспијат дете. Меѓутоа, истиот процес кој ќе го заспие бебето, функционира и кај возачот.
Понекогаш е доволно само 15 минути нежни автомобилски вибрации да ја намалат шоферската будност и аналогно на тоа да предизвикаат поспаност, велат научниците барајќи од производителите да го имаат предвид овој факт.
„Нашата студија покажува дека константните вибрации на ниски фреквенции, онакви на какви што сме изложени за време на возењето, прогресивно предизвикуваат поспаност и кај луѓето кои се одморни и наспани“, вели авторот на студијата на Универзитетот во Мелбурн.
Австралија е земја во која 20% од фаталните сообраќајни несреќи се должат на поспаност на возачите а и во Европа бројките се големи.
Во Германија на пример, двојно повеќе смртни случаи на патиштата се должат на поспаност отколку на возење под дејство на алкохол.