Секому понекогаш му треба помош. Или услуга. Дури и на Стив Џобс кој веруваше дека „да се праша“ е клучната разлика која ги раздвојува оние кои нешто прават од оние кои остануваат само да сонуваат.
Тој првпат за помош има прашано на свои 12 години, кога му се јавил директно на Бил Хјулит и го замолил да му даде резервни делови за некој апарат за фреквенции кој сакал да го состави. Не само што ги добил деловите туку и го примиле во Хјулит-Пакард.
Мета студија на 42 одделни истражувања вели дека постои една техника која двојно ги зголемува шансите на човек да му се излезе во пресрет на некое негово барање.
Магичните зборови се: „слободно одбиј ме“. Или некоја варијанта како што се „не се чувствувај обврзан“, „не ти натурам обврска“, „во ред е ако не можеш“, „те разбирам ако не можеш“ или слична фраза која на „таргетот“ му дава слобода.
Техниката е ефикасна во сите интерперсонални односи, но најефикасна во личните тет-а-тет ситуации а нешто помалку ефикасна преку меил или телефон.
И да, на крај се вика фала.