Иницијативата потекна од владата и нејзината агенција за родова еднаквост која на една организација ѝ префрлила околу 60.000 евра за да ја бутка иницијативата за „разбивање на табуата околу менструацијата“ и да издава лиценца на оние работни места кои се соодветно опремени за вработени жени.
Ќе се бараат соодветни тоалети или санитарни „тојфори“ на сите работни места, не само во канцелариските простории. Значи и за градежни работнички, водоводџики (?), жени возачи на автобус и сл.
„Ние упорно менструацијата jа третираме повеќе како болест отколку како нормална телесна функција. Некогаш си гладен, некогаш жеден а некогаш си во период кога хормонските промени ти влијаат врз работата,“ вели социологот Жозефин Песдотер од Гетеборг.
Со иницијативата од работодавците ќе се бара во тоалетите да ги обезбедат потребните женски хигиенски средства, исто како што обезбедуваат тоалет хартија.
Сепак, не сите се одушевени од идејата.
„Зошто мојот шеф треба да знае кога имам добиено?,“ праша една колумнистка како одговор на сугестијата дека вработените жени треба во компаниските ексели да наведуваат дека се во „чувствителен“ период.
Има и такви стојалишта според кои потенцирањето на ова прашање значи враќање назад, бидејќи токму хормоните и нивното влијае врз промените на женското расположение со векови биле користени како аргумент дека жените не треба да имаат право на глас или да држат одговорни места.