Драмата околу караванот вклучи паники како „непознати луѓе од Блискиот исток“, „бегалците се платени од Сорос,“ и „инвазија на САД“.
Откако создаде ваква приказна Трамп се постави како спасител на своите гласачи, кои според неговиот наратив се во смртна опасност, и реши да им дојде на помош распоредувајќи ја американската армија на домашно тло.
„И ова уште од старт беше очигледен политички маневар имајќи предвид дека под а. војската никогаш не би можела да апси додека е таму распоредена, и под б. караванот беше оддалечен стотици километри, и патуваа пешки.
Очигледно целата работа не успеа да ги спречи Демократите да го преземат Претставничкиот дом (сето ова се случува за време на неодамнешните избори во САД). Меѓутоа човек ќе помисли дека дури и оваа администрација ќе разбере дека треба барем уште некое време да ја тера целата шарада, за да не биде кристално јасно дека претседателот на САД ги претворил припадниците на војската во пиони во еден од неговите евтини трикови,“ пишува Бес Левин во Ванити Феир.
Ставот на Левин се однесува на одлуката на американската армија на почетокот од неделава да ги повлече војниците од јужната граница иако караванот е се поблиску до САД.
„Со други зборови, претседателот потроши милиони долари на даночните обврзници за план кој целосно не успеа,“ пишува Левин.
Одбивајќи и најмалку да смири топка, Трамп во неделата на Твитер напиша дека САД во основа се под опсада и дека „САД не се подготвени за оваа инвазија, а јас нема да го дозволам тоа“.