Кметот на Акватика, село во регионот Лигурија, решил да постави пилот камера откако селаните, главно возрасни луѓе, му се пожалиле дека станува сè поопасно да се минува главниот пат кој минува низ селото.
Камерата регистрирала дека половина од автомобилите кои минуваат на тој потег не го почитуваат ограничувањето на брзината на 50 километри на час. Вкупно 58.000 прекршоци за само две недели од кои некои луѓе возеле и до 135 километри на сниманата делница.
Кметот верува дека јасно видлив дисплеј со брзина на движење ќе помогне оние кои минуваат низ ова транзитно село да го упристојат возењето.