Со меѓународната полиција во следниот период ќе раководи Ким Јонг Јанг од Јужќна Кореја кој на финалното гласање го победи кандидатот од Русија кој се сметаше за фаворит.
Ким доаѓа на местото на Кинезот Менг Хонгвеи кој лани во септември мистериозно исчезна за подоцна да каже дека дава оставка а кинеските власти да појаснат дека човекот им е под истрага за корупција.
Запад се подисплаши дека рускиот полициски генерал- мајор Александар Прокопчук, инаку еден од четворицата потпретседатели на Интерпол, ќе му даде на Кремљ премногу влијание во ова важно меѓународно тело.
Во меѓувреме, двопартиска група американски сенатори ја обвинија Русија дека го злоупотребува Интерпол за да ги малтретира своите дисиденти.
На истото гласање Косово по четврти пат беше одбиено за зачленување во Интерпол. Македонија гласала за, а меѓу оние кои биле против се Босна и Романија.