Вести

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Речник

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

ЧетГПТ, Клод и Џемини решаваат изборни трки

Јазичните модели со вештачка интелигенција се „воспитани“ да бидат политички неутрални, но може да имаат огромно влијание врз исходот од изборите во САД за пратеници, сенатори и гувернери во ноември. Приближно една петтина од возрасните Американци се изјасниле дека се консултираат со чет-ботови за да следат вести за изборите и да споредуваат кандидати.

Миленијалците со своето пишманење создадоа уште една нова професија

Генерацијата која е стандардно кошмар за секоја усталена индустрија или навика од претходната генерација, до толку ја фаќа нервоза околу одредени животни одлуки што мора да почне да оди по курсеви за да реши дали сака да има деца или не.

На точак се дише помалку загаден воздух отколку во кола

Во конкуренција на пешаци, луѓе на точак и луѓе во кола, најлошо си минува пешадијата, а од преостанатите два транспортни рода, овие во кола дишат повеќе загаден воздух отколку овие на точак.

Елон Маск меѓу блесаво богат и позитивна нула

Иако од кај него од фирма не објавуваат, други му пресметаа на Маск дека еден работен час ќе му чини 900.000 долари. Исто така ништо од овие 900 илајди на час не му е гарантирано.

За астронаутите испраќање астронаути на Марс би било глупо

Еден од првите луѓе што ја има обиколено Месечината објаснува дека е глуп планот за испраќање човечка мисија на Марс. Не е против истражување со вселената, само тоа со Марс е глупо.

10 книги за читање... препорачани од Трамп

Во текот на годината американскиот претседател редовно препорачуваше материјал за читање (сериозно), иако паралелно со тоа во повеќе наврати отворено признаваше дека баш и нема време за читање.

10 непријатни факти за човечката природа

Стара и нерешлива е таа дилема, дали луѓето во суштина се добри а ги расипува околината и општеството, или пак во суштина се темелно кварни а општеството, њему хвала, постои за да го кочи лошотилакот кој во нив го има.

Му немаш киднато на Фејсбук ако уште користиш Инстаграм или Вотсап

Ако херојскиот подвиг за годинава ти е да се избришеш од Фејсбук (што секако е добар почеток), немој да мислиш дека се имаш раатисано од социјалната мрежа, бидејќи таа продолжува да се апдејтува за тебе преку Инстаграм и Вотсап.

Жижек: Во потрага по господар кој ќе нè бутне во амбисот на сопствената слобода

Нашата природна состојба е состојба на инертен хедонизам и оттука парадоксот: колку подолго живееме слободни, толку повеќе биваме неслободни, заробени во постоечките рамки на можностите, вели Слaвој Жижек. Затоа, во нашата сопствена слобода треба да нè подбутне некој од надвор.

Колку многу бонус има во 2 милијарди долари

1.500 вработени на Џул, производителот на електронски цигари, ќе поделат Божиќен бонус од 2 милијарди долари кој ќе им биде исплатен од Алтриа (поранешен Филип Морис) како дел од договорот за купување на удел во компанијата за е-цигари.

Гардијан го трола Закерберг за крај на годината

Да го прашаш Закерберг, тој сигурно годинава ќе ја памети по тоа што изгуби повеќе пари од кој и да друг милијардер. Да ги прашаш другите, тие сигурно ќе му ја паметат како годината кога јасно и гласно се разбра дека човекот ги шитка своите корисници за ќар, без да размислува на кого.

Падобраните се комплетно бескорисни

Поточно, корисни се само ако скокаш од авион во лет, инаку за ништо не служат, и ова е заклучок кој го бркаа професори по медицина во една неодамнешна студија.

ЕУ прави лажњаци во борбата против климатските промени

Во копија на локалниот апсурд да имаш субвенции за тутун, а на секој чекор да забрануваш пушење цигари, ЕУ има субвенции за јаглен, додека е потписник на Парискиот климатски договор.

Потемкинов бел снег

Со цел да ја заташкаат загаденоста на воздухот која беспоштедно беше е издадена од снегот, локални власти во Сибир почнале со фарбање на снегот со бела боја.

Еден предок имаме, во ДНК го носиме

Во било кој друг контекст, текстов во Екатимерини би бил нишчо особено, повторување на очигледности. Но во случајов женава ѝ објаснува на грчката публика дека не е "расно чиста", и дека генетски не е премногу различна од луѓето на северниот сосед. Им укажува на фактот дека границата меѓу двете држави не е и граница за генетските профили. И дека е многу веројатно сите во регионот, барем делумно, да делат корени со Александар.

За биткоинот: Секоја генерација има свој ТАТ

„Да, биткоинот беше меур и тој пукна“, пишува Ноа Смит во Блумберг за миленијалците, кои, како и многу други генерации пред нив, само што научија една болна лекција за „брза и лесна“ заработка.

Зошто Заев нема да добие Нобелова награда

Реално, мали се шансите нашиот теледиригиран премиер да се закити со таа престижна и контроверзна награда, иако мора да му се признае дека вешто го одработува проектот за лоботомизирање на граѓанството додека му се менува описот на државата. Нашата воздржаност е од чисто статистичка природа. Имено, за лоботомија веќе имаат доделено Нобелова награда, па нема ваљда два пати за исто.

Загадувањето е чисто злато за козметичките компании

Моментално главниот столб на козметичката индустрија е негата на кожа, каде посебно доминира категоријата „против-стареење“. Драмата што моментално се случува со загадувањето во градовите низ светот почнаа да и даваат снага на една досега речиси непостоечка категорија козметички производи „против загадување“.

Дојде крајот на Европа што ја познававме (и не е лошо)

Минатава недела Париз гореше, брегзит се претвори во психодрама, а автократите на Европа ни педа не отстапија пред протестите. Јасно ти е дека Европа е сред проблеми кога американските либерали почнуваат да се чувствуваат супериорни.

Човековата гнаса е статистика на годината

Ако има статистика која треба да се запамети за годинава тоа е дека 90,5% од вкупниот пластичен отпад никогаш не е рециклиран.

Германија нема да го забранува Хуавеи, затоа што нема потреба

Германските регулатори се скептични околу повиците за бојкотирање на кинески Хуавеи што доаѓаат од Западниот блок затоа што до сега не постојат никакви докази дека компанијата би можела да ја употреби својата опрема за шпионирање во корист на Пекинг, објавува Шпигел.

99 добри работи кои не ги чувме во 2018

Од постојаната бучава на домашните бељи, вообичаените но и вонредни порази (да, Преспа), забораваме дека светот си тера работа и без нас, некогаш на арно, некогаш на лошо. Овојпат за она првото.

2-годишни деца „Инстаграм инфлуенсери“

Глупо е да кажеш дека 2-годишни деца можат да бидат инфлуенсери (како и за колку и да е годишни луѓе). Ама па како поинаку да ги кажеш кога за објавување на една фотка на нивниот Инстаграм се наплаќаат 5-цифрени суми (во долари).

Гугл се откажа од пребарувачот за кинески пазар

Од една страна имаше огромна галама од бројни вработени на Гугл и надворешни луѓе што се општо против влегувањето на компанијата на кинески пазар под условите кои и беа наметнати. Од другата страна беа далеку помалубројните, ама локално кинески, гласови кои беа за тоа Гугл да влезе на нивен пазар, па макар и под условите кои му се наметнати.

Добро е ова 4-дневна работна недела

За впечатокот да биде комплетен, не е само да работиш 4 дена во неделата, туку и да те плаќаат за 5.