Гардијан го трола Закерберг за крај на годината

Да го прашаш Закерберг, тој сигурно годинава ќе ја памети по тоа што изгуби повеќе пари од кој и да друг милијардер. Да ги прашаш другите, тие сигурно ќе му ја паметат како годината кога јасно и гласно се разбра дека човекот ги шитка своите корисници за ќар, без да размислува на кого.

Во ваква ситуација, Гардијан му состави на Закерберг видео за крај на годината во кое по свое прават ревизија по што ќе му ја паметат 2018 на милијардерот.

„Што година беше ова за основачот на Фејсбук. Го имаше незаборавното сослушување пред Сенатот, големиот скандал со податоците, и да, едно 2 милиона Европјани кои го напуштија сајтот. Година за паметење. Среќен Божиќ, Марк,“ пишува во текстот на Гардијан што го придружува клипот.

Само во еден ден кон крајот на изминатата работна недела, на Фејсбук му се случи бараж од лоши вести, кои се движеа од покренување обвинение од јавниот обвинител до крах на акциите.

 

22 декември 2018 - 17:58