99 добри работи кои не ги чувме во 2018

Од постојаната бучава на домашните бељи, вообичаените но и вонредни порази (да, Преспа), забораваме дека светот си тера работа и без нас, некогаш на арно, некогаш на лошо. Овојпат за она првото.


1. Кофаните од Синанго, во екваторијален Амазон, извојуваа историска битка за сочувување на извориштата на ним битната река Акварико, откако правно успеаа да поништат 53 рударски концесии со што спасија околу 32.000 хектари земјиште, главно дождовни шуми.

2. После ланската забрана за увоз на Кина, побарувачката на слонова коска на глобално ниво е двојно намалена.

3. Утврдено е дека благодарејќи на активистите, популацијата на тигри во Непал речиси се дуплирала во последните 9 години.

4. Степенот на уништување на шумите во Индонезија е намален за 60%.

5. Обединетите нации соопштија дека озонскиот слој над Арктикот и северната хемисфера ќе биде целосно опоравен до 2030-тите а во целиот свет до 2060-тите години.

6. Бали ја добија најголемата сума за океанска презервација во историјата. 10 милијарди долари за спас на 14 милиони квадратни километри водена површина.

7. Во Калифорнија, најмалата позната лисица веќе не е на листата на загрозени животни, што е најбрзо опоравување на еден загрозен цицач откако е донесен соодветниот закон за заштита на видовите.

8. После десетгодишна дебата, во 2018 година 140 држави се согласија да донесат „Париски договор за океаните“, прв меѓународен договор за запирање на прекумерното ловење риба и друг морски свет.

9. Нигер соопшти дека посадиле 200 милиони нови дрва за три децении, најзначајната природна трансформација на африканскиот континент.

10. Шпанија најави формирање на морски резерват за китови и делфини на Медитеранот и забрана за вадење фосилни горива во регионот.

11.Коралниот гребен во Белизе, втор најголем во светот, веќе не е на листата на загрозени природни богатства. 

12. Колумбија додаде 10 милиони хектари на нивниот Серание Чибикете. Со вкупно 4,3 милиони хектари, тој стана најголемиот заштитен национален парк на дождовна шума во светот.

13. Мексико соопшти дека нивната популација на јагуари, најбројната популација на диви мачки во Америка, има пораснато за 20% во последните 8 години. 14 земји од Латинска Америка го потпишаа договорот за заеднички напори за зачувување на големите мачки.

14. Во шумите на централна африка, популацијата на шумските горили, еден од најзагрозените видови на планетава, има пораснато за 25% од 2010-та година и сега браќата бројат преку 1.000 примероци.

15. Потпишувајќи договор со здружението на домородните Индијанци, Канада ја создаде најголемата заштитена тајга на светот, двојно поголема од територијата на Белгија.

16. Чиле донесе закон за заштита на крајбрежните води со кој наместо 4,3%, под државна заштита се 42,4% од брегот.

17. Сејшелите создадоа нов резерват од 130.000 квадратни километри во кој е забрането да се лови за да се зачува риба и за следните поколенија.

18. Нова Каледонија се согласи да стави 28.000 квадратни километри под своја заштита, површина на која се наоѓаат некои од најубавите корални гребени на светот. 

19. Глобално биле дистрибуирани 25 милиони дози од новата вакцина против колера што е почеток на најголемата таква офанзива во историјата.

* остатокот добри вести од 2018-та, тука

18 декември 2018 - 15:23