Иако во теорија функционираат како башка компании откако беа купени од Фејсбук, треба да се има предвид дека основачите и на Инстаграм и на Вотсап решија да го напуштат Фејсбук (главно) во знак на протест за тоа како новиот сопственик се однесува со податоците на нивните корисниците.
За да може да си ја олесни душата околу тоа што сè маки минува во Фејсбук и неподносливоста на Марк Закерберг, основачот на Вотсап, Брајан Актон, се откажува од бонус од 850 милиони долари кои треба да ги добие во замена за молчење по напуштање на компанијата. Не баш иста сума, но слично искуство споделува и основачот на Инстаграм кога дава оставка во Фејсбук.
Главниот проблем на двајцата е што Фејсбук го прекршува она што е договорено кога ги купува нивните апликации, посебно во делот на масовно следење на корисниците и нивно поврзување преку профили што ги користат на трите платформи, со цел на огласувачите да им продадат што е можно подетални информации за своите корисници.
„За вистински да можеш да го скинеш Фејсбук од твојот живот, треба да ги напуштиш сите сервиси што тој ги поседува,“ објаснува Мајк Марфи во Кварц.
Ако решиш да го бришеш Инстаграм, веројатно прво би сакал да ги зачуваш фотографиите што си ги објавил низ годините. Постапката за тоа е:
- Settings > Privacy and Security > Data Download. Тука гледаш дали ти е точна меил адресата и го довршуваш барањето.
Фотографиите би требало да ти бидат испратени во рок од 48 часа.
По ова, бришењето на Инстаграм профилот се прави на следниот линк.
Кај Вотсап исто можеш да направиш бекап на разговорите што ги имаш:
- Settings > Chats > Chat backup.
Опцијата за бришење е во: Settings > Account > Delete my account.
Инаку Вотсап на својот сајт отворено кажува дека нема гаранција дека компанијата ќе ја избрише твојата сметка од нивните сервери.
За детално бришење на Фејсбук тука имате упатство.