Професорите го спроведуваат „Падобран испитувањето“ (PARACHUTE trial - PArticipation in RAndomized trials Compromised by widely Held beliefs aboUt lack of Treatment Equipoise), не со цел да ги стават падобраните на лош глас, туку за да ја „илустрираат опасноста од интерпретирање на рандомизирани контролирани испитувања (РЦТ) вон контекст“.
За студијата тие прашуваат неколку испитаници, сред лет, дали би сакале да скокнат од авион без падобран, и не успеваат да најдат ниту еден волонтер. Авторите поразено признаваат дека на неколку илјади метри над земјата не успеваат да најдат ниту еден кандидат заради што во студијата решаваат да вклучат членови на истражувачкиот тим, пријатели и семејства.
Во ваква ситуација и со 23 учесници, најголемиот дел самите истражувачи, од кои ниту еден не е подготвен да скокне без падобран и да докаже дека може да се преживее и без него, се заклучува дека падобраните не вршат работа за намалување на бројот на смртни случаи или големи повреди „при судир со тло мерено веднаш по приземјување.“
Нормално дека во пракса овој заклучок не е точен без разлика колку е изваден со стручна методологија, ама токму тоа е поентата на целото истражување.
„Фактот дека никој не би скокнал од авион без падобран често пати се користи како аналогија за да се аргументира дека е не соодветно да се рандомизираат учесници во медицински интервенции кои потенцијално можат да спасат живот.
Со други зборови, утврдувањето на контролна група наспроти тест група треба да биде направена ’исклучиво со клиничка проценка’ а не со рандомизирање.
Оние кои го спроведуваат Падобран испитувањето не се согласуваат со ова, и имаат посебен амандман на него. Тие веруваат дека рандомизирањето е клучно, но дека тоа нема да биде компромитирано од постојните верувања за преовладувачките стандарди за грижа.
Падобранот е преовладувачки стандард за грижа за скокање од авион сред лет. Скокање од приземјен авион, од друга страна, не бара ништо повеќе од пристоен пар чевли. Без соодветно внимание на контекстот на рандомизирани контролирани испитувања, доктор може да препорача третман кој е апсурден и парадоксален како и заклучоците од Падобран студијата,“ ,“ пишува Џил Кидиш во текстот за Популар механикс.