2-годишни деца „Инстаграм инфлуенсери“

Глупо е да кажеш дека 2-годишни деца можат да бидат инфлуенсери (како и за колку и да е годишни луѓе). Ама па како поинаку да ги кажеш кога за објавување на една фотка на нивниот Инстаграм се наплаќаат 5-цифрени суми (во долари).

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Shhhhh 🤫 don’t tell mommy we found her makeup!

A post shared by Taytum & Oakley Fisher (@taytumandoakley) on

 

Тејтум и Оукли се 2-годишни близначки, ќерки на брачен пар од Лос Анџелес, и на оваа возраст двете имаат Инстаграм профил (@taytumandoakley) на кој ги следат над 2,2 милиони луѓе.

Основачот на компанијата за менаџмент на инфлуенсери „God and Beauty“, Кајл Хјелмсет, проценува дека тарифникот на дете инфлуенсер е околу 100 долари за 1.000 следбеници по пост. На пример, дете со 500.000 следбеници може да заработи околу 5.000 долари за една објавена слика (на бренд). Ова му доаѓа како почетна цена, и сумата само може да расте во зависност од барањето на огласувачите.

Во примерот со Тејтум и Оукли, ова би значело дека на компаниите што сакаат да се рекламираат кај нив им наплаќаат меѓу 15 и 25 илјади долари за објавена слика. Близначките моментално немаат нешто премногу клиентела, од причина што тие се многу мали и не можат да ги следат насоките од своите родители и да го направат она што тие (и брендовите) го бараат од нив. Кога ќе пркнат уште малку, се очекува дека повеќе ќе заработуваат.

Што се однесува на родителите, кои ги менаџираат профилите на детските инфлуенсери главно затоа што Инстаграм не дозволува отворање профили на лица помлади од 13 години, сите тие го гледаат ова како „забава“ со децата. Прво децата не разбираат што се случува затоа што се премногу мали, како близначките Тејтум и Оукли, а кога ќе потпораснат ова им е интересно и дел од секојдневната забава.

Освен создавањето содржина (фоткањето на сопствени деца), главна обврска на „менаџерите“ е пазење на своите деца од потенцијалните он-лајн проблеми. И ова опфаќа серија мерки од блокирање штетни коментари, избегнување информации каде децата одат на училиште до проверување на сите нови следбеници и нивно блокирање доколку не исполнуваат некои основни критериуми (ако нема профилна слика, или ако е машко кое објавува само селфиња, или ако следи илјадници други без да има следбеници).

Од друга страна етичкиот дел на изложување на сопствени 3-4 годишни деца пред толкава публика и собирање лајкови од истата, не им е баш така вешто ограден.

18 декември 2018 - 15:16