Нерешителноста на миленијалците околу создавање потомство резултираше со подем на бројот на часови и предавачи со задача да им помогнат на своите клиент да се одлучат дали ќе имаат деца.
Њујорк тајмс разговара со клинички социјален работник специјализиран на темата, Мерл Бомбардиери, која одржува еднодневни работилници под наслов „Одлуката за бебе“, и под цена од 115 долари од човек (со попуст за парови).
Сличен бизнис Ен Дејвидмен, која се води како „ментор за јасност на мајчинство“. Он-лајн групен курс кај жената е 397 долари, еден на еден сигурно е поскапо ама не е наведено кај нејзе на сајт.
Паниката и нерешителноста главно се врзани за идните мајки, кои главно треба си разрешат околу балансот меѓу работата и приватниот живот, и недостатокот на испитот. Во студија од 2015 58% од вработените миленијалци мајки изјавиле дека тоа што се родители им го отежнало напредувањето на работното место, споредено со 19% од вработените миленијалци татковци.
Според психологот Карл Пикхарт, со експертиза и објавени книги на темава, има четири фактори кои одредуваат дали се подготвен да имаш дете: стабилна врска или мрежа на поддршка, способност да се грижиш за самиот себе, само-дисциплина и визија за родителството како лично исполнување. Потребно е да ги имаш покриено сите четири фактори.