- Белградски Партизан со 0-2 на гости ја совлада екипата на Олександрија од Украина во натпревар од 2. квалификациско коло за Конференциска лига. Натпреварот се играше во Полска, без присуство на гостинска публика како што наложи УЕФА.
- Партизан и Црвена звезда негуваат добри, пријателски односи со руските клубови па секое лето играат пријателски дуели во Москва против Спартак, ЦСКА или во Санкт Петербург со Зенит. Ова им смета на Украинците кои бараа од УЕФА да ги казнат белградските клубови.
- За време на гостувањето на Партизан минатата недела во Полска (неутрален терен), навивачите на Олександрија ги навредувале Србите со навредливи извици „Убиј ги Србите“, а фудбалерите на оваа екипа не се ракувале со младите играчи на Партизан пред мечот во знак на протест.
- Сега реваншот е во четврток од 21 часот во Белград за кога се очекува околу 30.000 навивачи со оглед на тоа што Партизан ја отвора и северната трибина која обично е затворена за европски натпревари зошто во близина е гостинскиот сектор.
- Партизан сезонава игра со рекордно најмлад тим во историјата зошто се соочува со голема финансиска криза.
- Македонските ракометни гиганти не ја започнаа европската сезона според очекувањата. Вардар и Пелистер, двата најтрофејни и најамбициозни македонски претставници на меѓународната сцена, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат ниту една победа.
- Билансот е загрижувачки: шест порази и едно реми. Вардар има четири порази во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер во три настапи во Европската лига забележа два пораза и едно реми. Така, по првите европски предизвици, двата македонски претставници се најдоа во ситуација во која итно им се потребни подобри резултати.
- Вардар изгуби од Мелсунген на гости 33-31, од Нант дома 32-33 и од Висла Плоцк дома во Скопје 26-32. Вардарци не освоија ниту еден бод иако против Нант дома и Висла во Полска имаа шанси во завршниците да избегнат пораз.
- Еурофарм Пелистер игра во второто по ранг натпреварување, во Европската лига на ЕХФ. После 3 кола немаат триумф: изгубија дома убедливо од шпанска Ла Риоах 24-31, одиграа нерешено 31-31 на гости кај Вибжеже Гдањск а дома претрпеа тежок пораз од германски Гумерсбах 28-38.
- Сево ова значи дека двата најгоелми и најтрофејни македонски клубови на вкупно 7 натпревари во Европа сезонава имаат дури 6 порази и само 1 реми. Без победа.
- Притоа од еврокуповите е елиминиран и РК Тиквеш па во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат Алкалоид, РК Охрид и РК Бутел.
- Скандалот меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија Жорже Жезус продолжува и натаму. Елма Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, за кои многумина сметаат дека отворено пишува се што Роналдо мисли а не смее јавно да каже, ја коментирала напрегнатата ситуација.
- „Тажна сум зошто јавноста во Португалија брзо забори на се постигнато во минатото и смета дека нештата во моментов треба да се развиваат на друг начин. Останав без мисли, ме боли да гледам кога брат ми преживува такво нешто. Тој е меѓу оние кои најмалку заслужуваат таков однос.
- Шансите да се врати се скоро па минимални. Мислам дека и двајцата (Кристијано и Жорже Жезус) се засегнати од тоа што се случи. Тоа е епизода, преживана лично од нив и јас можам да зборам единствено од позиција на брат ми. Сметак дека ситуацијата во моментов е во слепа улица и претстои да видиме што ќе стане. Кога си предаден е многу тешко да се вратиш во нормала“, рекла Елма Авеиро.
- Конфликтот меѓу Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот и селекторот на Португалија Жорже Жезус изби на крајот од септември за време на репрезентативниот собир во Лигата на нации. Напаѓачот беше незадоволен што селекторот му рекол дека нема да настапи, па потоа го викна да се загрева 30-ина минути и на крај не го пушти во игра туку го врати на клупата за резерви. Без Роналдо Португалија забележа два важни триумфи: против Норвешка (1-2) и против Данска (2:4).