Во некој совршен свет секој од 1.500-те вработени би добил по 1,3 милиони долари. Затоа што и на вработените им е јасно дека светот не е таков, 2-те милијарди ќе се делат според неколку фактори, вклучително кој колку време е во Џул и колку акции поседува од компанијата.
Бонусот е дел од инвестицијата од 12,8 милијарди долари што Алтриа ја прави во производителот на е-цигари. За овие пари Алтриа добива удел од 35% во Џул чија вредност со ова расте на 38 милијарди долари.
Компанијата парите од Алтриа ги добива топтан, без исплати и вложувања низ неброени години, а нивно инсистирање е и вработените да добијат бонус за продажбата на акциите.
Juul employees to split a $2 billion holiday bonus from Altria from CNBC.