Вести

Без тапии, урнатините во Газа се ничија земја

Жителите на Газа на кои израелските бомби им ги уништиле куќите се плашат дека може трајно да останат бегалци, исто како и нивните баби и дедовци по 1948 година. Тапиите им се изгорени или закопани под урнатините. А, ако не приложат документи за сопственост, тешко ќе можат да ги спречат Израел и „мировниците“ да изградат бази или луксузни комплекси врз нивниот имот.

Германија дала 200 милиони евра за видео-игри за кои нема поим

Германската влада во изминатите седум години издвоила 221 милион евра за продукција на над 700 видео-игри, како обид да ја зајакне домашната гејминг индустрија. Но, никој во Берлин не води евиденција ни кои се игриците ни дали воопшто се достапни. Голем дел од парите се префрлаат на идеолошки проекти или на рекламирање приватни компании.

Јапонија нејќе шуто и рогато од странство

Јапонија е остров па се чини дека не би требало да има проблем со зголемена имиграција. Но и Англија е остров па види ја ти неа. Откако рекордно им се зголеми бројот на странци за само една година, јапонската влада драстично го зголеми давачките за дозволи за престој. Странците ќе мора да покажат приходи исти или повисоки од просечните јапонски приходи а во меѓувреме ќе треба и да го навежбаат јазикот. 

Речник

Канада ќе почека со еутаназија на луѓе со ментални болести

Владата во Отава се откажа до планот да ја прошири програмата за медицински помогната еутаназија (MAID) за лица кои страдаат исклучиво од ментална болест. Најави сосема нов закон, според кој пациенти со прогресивна болест ќе можат предвремено да се регистрираат за MAID пред да им се влоши здравјето до степен кога нема да можат самите да донесат свесна одлука.

Британија си отвори дупка од 160 милијарди долари

Воведувањето даноци за пари заработени надвор од земјата ги притисна ултрабогатите бизнисмени да ја напуштат Британија. Оние што во изминатите две години се преселиле во Монако, Швајцарија и Обединетите Арапски Емирати однеле од земјата 160 милијарди долари. Според Блумберг, тоа се повеќе пари отколку што поседуваат богаташите што решија да останат.

Има нешто вечно во луѓето од Европа

Студија на Европските зелени откри „вечни хемикалии“ (PFAS) и нивни разградни продукти (TFA) во крвта на сите 110 тестирани волонтери од 9 држави. Притоа Хрватска отскокнува со алармантни 60% од испитаниците со зголемени вредности. Овие соединенија доаѓаат преку пестицидите и водата и влијаат на тироидната жлезда, имунитетот, плодноста и развојот на рана возраст. 

Англиски крик против приватизациите во јавното здравство

„Ние не сме идиоти, иако нè третирате како такви. Сосема ни е јасно што мотивот за профит им прави на јавните сервиси“, пишува колумнист на Гардијан за постепеното предавање на здравствени услуги во рацете на приватни компании. Она што е влажен сон на овдешните „реформатори“ и агенти на капиталот, маскирани во високи функции на јавни службеници.

И бананите ги молзат, зарем не

Прво имаше млеко, млеко, главно од крави, нешто помалку од овци или кози. Потоа на мала врата успеа да се пробие млеко од соја, и тоа подотвори простор и за млеко од бадеми или ориз. Сега веќе не се знае кој што прави, а последно на списокот е млеко од банани, и сè тоа главно во име на нетолерантност кон лактоза.

Транс-правата како пречка за стручни совети

Училишни советници (педагози) и останати професионалци за ментално здравје пазат што зборуваат и не се искажуваат целосно пред малолетни пациенти со дилеми околу полот во кој се родени, од страв дека ќе бидат етикетирани како „трансфоби“.

Време да поразговарате со тинејџерот по дома

На истиот тој што дреме на Јутјуб и гледа Фортнајт видеа по цел ден, пренесете му дека другарче негово од Пенсилванија само што собра 3 милиони долари за освојување на Фортнајт светското првенство.

НАСА сака да се огребе од златниот астероид, ама не се надевајте на чек

Во веројатно најфантастичната вест што некогаш се раширила меѓу човештвото, НАСА планира да стигне до астероидот 16 Псајхи, составен од злато и останати драгоцени метали, вреден 700 квинтилиони долари (седмица и 20 нули, 700.000.000.000.000.000.000,00).

Како Мик Џегер си ја планираше пензијата

За неговите фанови, тој беше млад дечко фокусиран на секс, дроги и рокенрол. Но, во средината на своите 20-ти години, Мик Џегер имал малку поинакви, демек позрели размислувања кои се покажале како тотално непотребни и погрешни. Мозгал кој план за пензиско осигурување да го има, бидејќи му било надвор од памет дека на 60 години уште ќе се бави со музика. Ене го денес на 76, бутка некако без пензија.

Проблемот на Борис Џонсон со руските олигарси

Во британската верзија на ФБИ имаат чувство дека со последните политички промени во владата, заврши времето на цврстиот став кон руските олигарси и дека ним Англија повторно ќе им постеле црвен тепих.

Науката ви порачува дека погрешно го јадете јаболкото

Не е мал ќеифот да се пренесуваат вакви вести, имајќи ги на ум оние орди прехранбени талибанци кои имаат фетиш кон здравјето (ќе изедат говно од потполошка ако ги убедиш дека е здраво) и тоа колку канони до кои слепо се држеа, во последно време им беа ревидирани. Од рехабилитацијата на путерот и сланината, па до лустрацијата на чиата. За ова со јаболката, ако се фер и принципиелни, од утре ќе ги гледате како ги голтаат семките.

Германија ја запостави источна и централна Европа

Беше главен мотор за проширувањето на ЕУ, но откако безбедносно се тампонираше со Русија и на просторот на својот источен комшилук обезбеди вредни нови пазари (читај: Вишеградска група), во германската европска политика како да доминира чувството: Мисијата е завршена.

А кој тоа рече дека кинеската армија нема да интервенира во Хонгконг?

Народната ослободителна армија има правна основа да интервенира во Хонгконг со цел „зачувување на општествениот поредок“ ако тоа биде побарано од нејзе, гласи ставот на кинеското министерство за одбрана за сите што прашуваа за оваа опција.

Фејсбук знае повеќе за тебе отколку ЦИА

На Фејсбук, Твитер и Јутјуб им е неопходно твоето внимание за да ги соберат твоите најинтимни податоци, кои потоа ќе ги продадат за што е можно повеќе реклами од што ќе да заработат што е можно повеќе пари. И тоа е кошмарно добро. Кошмарно за тебе, добро за нив.

Поранешен СС војник обвинет за говор на омраза

Вон сите очекувања Германец обвинет за учество во егзекуција на над 80 селани во Франција во 1944, целиот овој период тајно да ти бил негатор на Холокаустот.

Отказ каков што заслужува секој политичар

Џаред О'Мара е британски парламентарец кој минатата година се прослави во дисциплините хомофобија и мизогинија, по што беше избркан од Лабуристичката партија, ама продолжи да служи како независен пратеник. Пред некој ден еден од луѓето што работеа за него си даде отказ, на Твитер, преку сметката на О'Мара.

Европа пошашавена од горештини

Холандија, Германија и Белгија го живеат најтоплото лето во својата историја, а во Британија веќе се разгледуваат опции топлотните бранови да добиваат имиња, како што е пракса за големите урагани и невремиња.

Мозокот ги надмозга научниците и парите

Пред десет години, научник најави дека за една децнија ќе може да направи комплетна симулација на човечкиот мозок. Да беше лесно, лесно ќе беше. Европската комисија се испрси со 1,4 милијарди евра, но проектот кој ветуваше неверојатен напредок во неуро-науката, испадна токму таков. Неверојатен.

Марихуана е да се пуши а не да се јаде

Дури и луѓе со завидно искуство во пафкање на благородната тревка, знаат бааги да одлепат кога првпат ќе пробаат марихуана со јадење, во колачиња, путер и слично. Што е финтата?

Странски инвеститори се палат на интелигентни диктатори

За секој диктатор што држи до себе и до долгорочноста на својот мандат е паметно да се зафати со сериозен апгрејд на своето образование доколку има намера да донесе какви било странски пари во земјата.

Не е само да украдеш нешто, треба и да го продадеш

РМ 50-03 Мекларен Ф1 часовникот е еден од само 75-те примероци од овој модел изработени од Ричард Мајл, чини 1,3 милиони долари и пред некое време беше украден. За крадецот тоа е пола завршена работа, сега ќе треба да најде начин како да го продаде.

Колку може да е тешко да шверцаш дрога, а да не удриш во полиција?

Веројатно има и поглупи начини да те уапсат со дрога, ама не и со над 270 килограми дрога (во вредност од 140 милиони долари).

Во земјоделство има пари ако си на Јутјуб

Зак Џонсон е земјоделец од Минесота кој одгледува пченка и соја. На Јутјуб тој е МН Милениал фармер и од објавување видеа за земјоделство тој заработува повеќе пари отколку од самото земјоделство.

И утре да се оправиме, уште долго ќе бидеме пореметени

Една теза што пред пар децении ќе беше исмевана денес добива сè поуверлива евиденција. Се работи за тоа дека емотивните трауми на една генерација може да бидат пренесени на нејзините поколенија. Затоа таков е насловот.

Тајниот план на ЕУ за нагло грчко излегување од Унијата

Документот под наслов „Хрватското приклучување кон Европската унија,“ што ЕУ го разработува од 2012 всушност е апокалиптично сценарио за најјужната членка на Унијата во времето на нејзината најголема финансиска криза. Изборот на насловот на документот е од страв дека ако се дознае за неговото постоење тоа веројатно ќе значи и конечен крај.

Борис Џонсон: кловнот е крунисан додека земјата гори во пеколот

Во Лондон е 33 степени, 0,2% од нацијата го дадоа својот глас, а еден батка со лажење за банани и кондоми се проби до високата функција.

50 години по спуштањето на Месечината: зошто теориите за заговор никако да умрат

Верувањето дека е лажирана програмата на месечината е едно од првите големи „лажни вести“. Зошто сигурно ќе ги има уште многу.