Е па, ете нè. Некој што лесно би можел да биде отфрлен како лик од „Погоди кој“ затоа што изгледа премногу смешно сега ќе ја води земјата. Човек чиј ДНК-профил е сосема ист како виц на Бернард Менинг. Човек што ги спомна 20-те кампањски настани на кои учествувал, околу 30 секунди откако претседателот на конзервативната партија, Брендон Луис, зборуваше дека бил на 16 такви настани.
Додека посматраа 8.000 члена на семејството Џонсон - и Џереми Хант, кој на целиот свет му изгледаше како резерва што никогаш нема да стане од клупата и го знае тоа - Борис Џонсон беше прогласен за нов лидер на Конзервативната партија, и со самото тоа, за нов премиер. Избран од неверојатни 0,2% од нацијата, ние сепак не смееме да кажеме дека тоа не е волјата на народот.
Сосема необично, нели, кога новиот лидер на земјата го почнува својот инаугуративен говор со: „Можеби тука има луѓе што се прашуваат што сториле!“ - осврнувајќи се на фактот дека многу луѓе во собата се трудат да се помират со чувството на очај.
„Дали изгледате обесхрабрено?!“, грмеше тој: „Мене не ми изгледате ни малку обесхрабрено!“ Што беше проследено со ѕид од молчење, многу бледи лица како тоа на Елизабета Прва и еден осамен крик: „ Не!“. Веројатно од Мет Хенкок, кој има огромна моќ на увлекување.
Во најужасниот момент од говорот Џонсон спомна дека „Deliver, Unite, Defeat“ (Оствари, обедини, порази) не е најдобриот слоган за кампања што тој би го избрал, но дека се спелува „DUD“. Едноставно јасно ви е дека тој го смислил слоганот за кампањата чисто за да може да ја каже оваа досетка, која дури не е ни добра. Потоа додал уште една буква, Е, за „Energize“ (стимулирај), па рече: „DUDE, колку јако ќе ја стимулираме оваа земја!“
Никогаш, никогаш не сум сакала повеќе да умрам. А некој малку поинаков бренд, Борис? Повеќе би одговарало: „Dithering, Idiot, Clown, Klutz“ (Колеблив, Идиот, Кловн, Акмак). Знаете, Џонсон не може асално да испреговара ни со своите раце да плескаат како што треба, а камоли со целиот европски блок:
Boris Johnson can’t even be trusted to clap normally ffs...#nextprimeminister pic.twitter.com/sf0lAdglBQ
— Nico Fell (@nicofell) July 23, 2019
Мачење му е дури и ракувањето:
Потоа го имате ова, кога изгледа како цела ноќ да се здробил од пиење:
И ова, кога стои на прсти, како дете што си додава години кога ќе го прашате колку има. Неверојатно понижувачки начин да го почнете својот мандат, покрај тоа што сте Борис Џонсон:
И овој неверојатен поглед од страна од сопругата на Хант, Лусија, кој зборува од името на сите нас, додека Џонсон го прогласуваат за победник:
Стварно не знам што да кажам. Не разбирам како може еден човек со лажење за банани и кондоми да се пробие на висока функција. Не разбирам како може човек чија комплетна подготовка за сè живо се чини дека се состои од цртање петел и јајца - ама на латински! - на лист хартија, да заврши на висока функција.
Не разбирам како може човек да биде снимен како помага во напад врз новинар и да стигне до висока функција. Не разбирам како може човек двапати да биде отпуштен затоа што кавалерски измислувал работи и да стигне до висока функција. Расист, патолошки лажго, човек што прави Макијавели да изгледа погрешно разбран, а Пинокио со нос од копче.
Во Лондон е 33 степени. Не можете да видите дали луѓето плачат или се потат. Ние не можеме да сториме ништо сè додека не добиеме збор - кој овојпат не го добивме. Па, без застој продолжуваме да чекориме, наспроти сонцето, кон пеколот.